Nest ја отвори својата платформа; сака да ги поврзе сите уреди во паметниот дом

Nest, еден од пионерите и лидер во креирањето на паметни уреди поврзани на интернет, се одлучи да ја отвори својата платформа за други девелопери. Истовремено компанијата откри и дел производителите чии уреди ќе комуницираат со Nest-термостатот. Машините за перење од Whirlpool, Daimler AG Mercedes-Benz автомобилите, далечинските управувачи од Logitech International, Jawbone бразлетните, се дел од првите уреди со кој ќе се „дружи“ Nest. Партнери на Nest секако се и Google, кои ја купија компанијата за 3,2 милијарди долари, па Google Now може да издава команди до термостатот кога ќе забележи дека корисникот се враќа дома.

Nest ќе им дозволи на сите партнери да го спојат софтверот и апликациите на термостатот, кој би бил своевидна „командна соба“ за сите уреди. Пример за интеракција помеѓу паметните уреди се сијалиците на LIFX кој ја менуваат бојат по команда на Nest противпожарниот аларм. Слично на ова машините за перење би можеле да имаат различни програми за перење кога корисниците не се дома и кога се дома.

[youtube]vAzvt-LkK2I[/youtube]

Дури 5.000 девелопери се заинтересирани за работа на платформата. Интересот на девелоперите за оваа платформа не изненадува бидејќи анализи, како таа на Wall Street Journal покажува дека до 2022 година 50 отсто од жителите на САД со широкопојасен интернет ќе поседуваат барем еден уред поврзан на интернет. Во моментот 12 отсто од домовите имаат барем еден паметен уред.

Nest не се осамени во интересот за паметниот дом. Неодамна Apple го презентираше HomeKit кој ќе овозможи на корисниците на iPhone да ги контролираат, светилките, термостатите и останатите уреди поврзани на Интернет. Засега ниедна од платформите нема изразена предност иако се чини дека можеби соработката на Google со LG и Samsung би можеле да му донесат предност на Nest.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии