Неслободни vs. Слободни прелистувачи

Со тек на времето, слободниот софтвер се повеќе и повеќе го притиска неслободниот, а тоа може да се покаже и преку прелистувачите кои најчесто се користени од интернет корисниците. Анализата за „Неслободен прелистувач vs. слободен прелистувач“ на Unixmen го анализира односот помеѓу Internet Explorer и Safari на комерцијалната страна и Chrome и Firefox од страната на прелистувачи со отворен код.

Во својата анализа тие вклучуваат податоци од јануари 2011 година до септември 2012 и од истата може да се види колку проценти одреден прелистувач зафаќа од тој пазар, а посебно е изненадувачки фактот дека Internet Explorer зафаќа дури 32,7 отсто, што е 10 отсто повеќе од Firefox.

Од табелите подолу можете да ја видите споредбата помеѓу самите прелистувачи од едната и од другата страна, додека во третата се прикажани сумираните резултати од кои може да се види дека користењето на прелистувачи со слободен софтвер драстично расте, а користеноста на неслободните многу брзо опаѓа.

За соодносот помеѓу неслободните прелистувачи и слободниот софтвер, можете да ги погледнете следниот два графикон.

1 коментар на “Неслободни vs. Слободни прелистувачи

  1. Борис, и слободните прелистувачи се лиценцирани, доаѓаат со своја лиценца. Ако си мислел на зборот proprietary може да се преведе како „неслободни“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии