Непречен интернет пристап со Complete Internet Repair 5

Една од поголемите причини за фрустрации во модерното доба е немање пристап до интернет. Ставање крај на проблемите со интернет конекцијата знае да биде проблематично, особено бидејќи не сте сигурни за изворот на главоболките. Complete Internet Repair 5 ви помага да ги лоцирате виновниците и на правилен начин да им удрите клоца. За остварување на таквата цел, на располагање имате опции како Reset Internet Protocols (TCP/IP), Renew Internet Connections, Flush DNS Resolver Cache и Reset Windows Firewall Configuration.

За да добиете објаснување која опција за што се користи можете да кликнете на i копчето кое се наоѓа веднаш до секоја опција за исправка. Имајте во предвид, меѓутоа, дека ова е програм кој обично се користи од поискусните и само откако бељата веќе е направена. Во спротивно, не си создавајте непотребни главоболки од инсталирање и покренување Complete Internet Repair 5 за „чисто онака“ или „за секој случај“.

Кај најновата, петта верзија на Complete Internet Repair забележителни се одредени естетски промени, а и кодот е оптимизиран за да понуди подобри перформанси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии