Неповратно бришете податоци со Permadelete

Секој пат кога пробате да избришете фајл или фолдер, таквото нешто се преселува во корпата со отпадоци. Во случај да сакате да ја заобиколите и корпата со отпадоци, тогаш ја активирате комбинацијата од копчињата shift и delete. И двете опции не се добри доколку сакате нешто да отстраните засекогаш. Со одредени програми, фајловите, односно фолдерите кои се избришани на овој начин можат да се вратат. Она што ви треба е алатка како Permadelete.

Permadelete ви дозволува целосно и неповратно да отстраните фајлови и фолдери од вашиот Хард диск. Едноставно повлечете и пуштете го саканиот фајл во прозорецот на самиот програм и кликнете на копчето Shred. Алтернативно, можете да ги искористите можностите за неповратно бришење така што ќе кликнете со десен клик на фајлот и да ја изберете соодветната опција од менито.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии