Неопходни он-лајн проширувања и партнерства

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}New York Times Company се подготвува да направи
заеднички сајт со International Herald Tribune. Новиот заеднички сајт ќе го
замени Ith.com и ќе има текстови за интернационалните политички, бизнис и
културни вести. The International Herald Tribune е всушност компанија на NYTC, која беше преземена од нив во 2003.

– Веруваме дека заедно ќе бидеме поконкуренти на глобалниот маркет, отколку
кога IHT.com
би бил, со целата негова сила, сам – пишува во меморандумот испратен до ITH од
извршниот уредник на Times, Bill Keller, до уредникот на
IHT, Stephen Dunbar-Johnson.

Ова спојување ќе
овозможи да се намали конкуренцијата за рекламите меѓу двата сајта и да се зголеми
публиката ( NYT.com има 58 милиони читатели месечно, а IHT.com има 7 милиони,
според WebTrends, кој го мери остварениот интернет сообраќај).

Поради
зголеменото влијание и секојдневната употреба на интернет мрежата од страна на
корисниците и значајно зголемената конкурентност, многу големи компании се
обидуваат да го прошират своето влијание преку заеднички соработки и зделки.
Еден од најпознатите примери е Microsoft кој веќе подолго време се обидува да
го преземе Yahoo.com со што директно ќе му конкурира на гигантот Google, кој пак активно склучува партнерства со
компании како SalesForce.com и др.

Еден од поновите
случаи каде големите интернет компании склучуваат партнерства е Facebook и Visa. Во ова
партнерство најголемата мрежа на кредитни картички му дава на сајтот за социјално вмрежување 2 милиони
долари за да ги промовира своите услуги за мали бизнис. Сајтот тие пари ќе ги
додели на првите 20,000 ново создадени бизниси во САД кои ќе го преземат он-лајн
сервисот на Visa преку Facebook.com.
Охрабрувањето на Visa за овој чекор е фактот дека повеќе од
80,000 мали бизниси имаат свои профили на сајтот.

И BBC планира да се прошири, создавајќи 68
локални сајтови низ Британија што ќе имаат on-demand видеа, кои ќе се однесуваат на вестите на денот,
спортот и временската прогноза. BBC планира до 2013 да вложи околу 70 милиони
евра, создавајќи ја таа мрежа на сајтови што ќе „донесе на публиката вредност
со минимално влијание од рекламите и другите комерцијални медиумски услуги“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии