Neоcom и Neotel претставија своја cloud computing платформа

neoCloud, е нова cloud computing услуга со која Neocom и Neotel сакаат да им понудат „сопствен виртуелен податочен центар без инвестиции во хардевер“ на сите компании кои тоа им е потребно. Neocom вели дека „virtual data center“ или vDC услугата е наменета за компании и поединици кои „ќе можат да се фокусираат на примарните бизнис цели, а информатичките проблеми ќе бидат оставени на експертите на neoCloud“. За имплементацијата на Neocloud, компаниите соработуваат со HP преку Cloud builder програмата.

Системот е поставен на две локации во Македонија, а функционира како една целина заради безбедноста, а со тоа и намалувајќи ја можноста за неостапност на услугата. Системот доаѓа со заштита од прекин на електрична енергија со најнова технологија за напојуваање. Корисниците имаат пристап со vDC преку криптиран канал на веб портал, со Next Generation Firewall и IPS. Предност е што при потреба од поголеми дополнителни ресурси корисникот ќе треба само да го промени пакетот, а ако има потреба на нова виртуелна машина или проширување на постоечките, „тоа се прави за 5 минути“, тврди Neotel.

Засега компанија нуди неколку различни пакети Start, Basic, Advanced и Premium. Секој од нив доаѓа со различен виртуелен процесор, мемотија, големина на дисковен капацитет и интернет брзина. Од Neotel не известија и дека набрзо ќе бидат пуштени уште две услуги – HES – Hosted Email Services cloud computing, услуга базирана на Microsoft Exchange 2013 со комплетна мобилност и компатибилност со било кој уред (паметен) и заштитена со TrendMicro Email Security, заштита за антиспам. Втората услуга ќе биде DR/BR – Disaster Recovery / backup Restore, cloud computing услуга за автоматизирани Disaster Recovery сценарија на компаниите во neoCloud, како и backup и restore во neoCloud на корисничките сервери преку софтвери од Veeam.

4 коментари на “Neоcom и Neotel претставија своја cloud computing платформа

  1. Одлична платформа! Конечно некој да понуди вакво решение во државата. Цените може се скапи но фактот дека конечно може да имаш сервер во државава е одлична.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии