Што ќе направи VIDA за вас?

На нивната страница ги има набројано следните услуги:

  • Ќе направат проценка на вашиот профил, да научат кои се вашите проблеми и што сакате да постигнете.
  • Тогаш ќе ги селектираат вашите најдобри слики, ќе ви го состават целиот текст кој ќе биде на вашиот профил и ќе креираат сметки на страници за онлајн состанување кои мислат дека се вистинските за вас.
  • Ќе ги листаат страниците додека не ви одберат кандидати. Откако ќе одобрите неколку први пораки, тие за вас ќе ја вршат целата онлајн комуникација со потенцијалните ваши дечковци/девојки.
  • Ќе ви закажат состанок, ќе ве спремат за него, и вие храбро и спремно ќе се упатите на вашиот состанок.

Има неколку сметки, од 360 долари до 1440 долари. За последната цена, добивате и професионална фото сесија и гарантирани 5 состаноци. Исто така, вашите слики ќе бидат ретуширани, а ви наплаќаат и за менаџирање на вашите виртуелни намигнувања.

Онлајн состанувањето досега беше во криза поради тоа што кога избраниците ќе се сретнеа лице во лице, она што го гледаа не беше исто со она на блескавите онлајн профили.

VIDA го носи интернет состанувањето во една поинаква насока, секако во побрзиот пат до платонски состанок. Многу експертски сервиси за состаноци го трошат своето време смислувајќи како да го приближат интернет состанувањето до вистинското искуство, а тоа што една ваква компанија профитира е доказ дека луѓето го преферираат побрзиот начин, и дека им е поважно да имаат било каков успех, отколку тоа да е нешто вистинско и што ќе трае. Овде се отвара еден сосем нов пазар, а тоа е уметноста на креирањето тотално лажна слика за себе, со цел да се постигне некоја агенда.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии