Нема веќе анонимни повици, сите припејд корисниците треба да се регистрираат

Секој сопственик на припејд број во Македонија ќе треба да остави лични податоци како име, презиме, матичен број и адреса, вели Агенцијата за електронска комуникација (АЕК). Ваквата регистрација е со цел да ги намали анонимните јавувања од кои се жалат корисниците, вели директорот нa АЕК, Роберт Ордановски.

„Целта на ваквото решение е да се спречат малверзациите. Нашиот број 190 е оптоварен со јавувања од граѓаните кои постојано се жалат на вознемирувања. Сакаме тие да бидат максимално задоволни, да се спречи оваа аномалија“.

Секој корисник кој има припејд картичка, или ќе купи во иднина, ќе мора да остави лична карта за евиденција. Досегашните припејд корисници ќе можат да се регистрираат во салоните на операторите или преку онлајн регистрација кој ае воведена на сајтовите на операторите.

Интересно, новите SIM картички ќе бидат заклучени се додека не се достават информациите.

„Важно е да се напомене дека во случај кога се врши регистрација од страна на самите припејд претплатници на претплатничките броеви доделени на новокупените припејд SIM картички, SIM картичките ќе бидат „заклучени“ односно пристапот до услугите ќе биде оневозможен сè до доставувањето на сите барани податоци (име и презиме, ЕМБГ и адреса на живеење според лична карта), нивна верификација и успешно запишување во нашата евиденција.“, пишува на сајтот на Vip.

Злопотребите и малтретирањето од корисниците ќе може да се спречи со јавување на 1188 (повикот е 15 ден) каде ќе може да се дознае кој стои зад бројот.

9 коментари на “Нема веќе анонимни повици, сите припејд корисниците треба да се регистрираат

  1. Поентата на законот е една и единствена – да знаат кого точно го прислушкуваат. Другото се е споредно. Браво за тие што успеаја да најдат нешто позитивно во овој закон. Мизерни сте. Поздрав.

  2. 1984.

    Ова, во комбинација со новиот закон за либерално прислушкување, е „добитна комбинација“.

    Значи може да те слуша секој полицаец што ќе му текне, и во исто време да биде сигурен кого прислушкува, затоа што си оставил матичен број.

    Ова за малтретирањето по телефон е изговор за мали деца. Можеш да малтретираш од странски број, од говорница, преку некој voip сервис, има 1000 начини.

    1. Види види….браво :) Не го прочитав твоето мислење, само ќе се согласев, немаше да бидам екстремно експлицитен :) Ми даде надеж тоа што има некој разумен.

  3. Уште една општа забелешка, за формата за коментирање. Копчето за логирање со Фејсбук го покрива копчето за логирање со OpenID (кој јас го користам).

  4. Ако новината е дека секој припејд број мора да има сопственик, не гледам никаде дали сеуште постои можноста за јавување од СКРИЕН БРОЈ? Неодамна имав непријатности затоа што некој морон го вознемируваше моето семејство на сред ноќ.

    Последно кога се распрашав, корисник на мобилен може да се јави со прикривање на бројот (и за тоа да плати пари). Малтретираниот исто може да види кој го малтретира (но не во минатото, туку да стави „ловец“ за во иднина), но тоа исто ќе го чини пари. И така телекомот двојно профитира: од тој кој малтретира и од малтретираниот кој сака да дознае кој го масира во ниедно време.

    Знае некој нешто за ова повеќе?

    1. Бројот за информации кој го наведуваат (1188 – R3 Infomedia – Златна Книга ) ке даде податоци за корисникот само доколку истите ги имаат, односно доколку регистрираниот корисник даде експлицитна согласност да бидат објавени неговите податоци. Со други зборови, нејчесто 1188 нема да ги имаат податоците, но секако ке ги наплатат 15ден.

      Улугите како "Скриен број" кај операторите автоматски значат недавање на согласност за објава на број, а истите ги спречуваат и операторите да одкријат податоци за идентитетот. За вакви броеви, информација само со полиција :)

      Целата работа е многу повеќе начин на контрола како МВР и безбедносните служби да имаат контрола кои телефонски броеви ги има некое "лице од интерес".

    1. Што подразбираш под неосновано? Ако си ѕвонел кај некого ке те регистрираат и имаат доказ, не може да биде неосновано…what's your point?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии