Нема реклами за криптовалути ни на Google

Facebook неодамна забрани секакави реклами за крипто-валути  и проекти поврзани со истите. Сега истото го направи и Google.

Со ова, двете најголеми платформи за онлајн рекламирање стануваат затворени за крипто валути. Google, како и Facebook ги затвора каналите за рекламирање не само директно за крипто валути, туку и за сите проекти поврзани со нив.

Крипто валутите се популарни речиси како никогаш до сега. За жал, ова често се злоупотребува, па двете најголеми платформи ги отстранија рекламите.

Што се однесува до Google, рекламите на крипто валутите ќе бидат отстранети и од YouTube.

Интересно, дел од корисниците јавија дека забележале пад на перформансие на рекламите уште пред да биде донесена одлуката, јави BBC.

„Ако сте трговец на берза или инвеститор, во ред – значи дека сте богати и вашите пари се ваш проблем. Но, овие реклами не треба да ги таргетираат обичните луѓе“, – Дејвид Џерард, автор на „Attack of the 50ft Blockchain“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии