Иако Зимските олимписки игри во Сочи се настан во кој се слави мирот и меѓународната соработка, сепак не треба да се биде наивен и да се верува дека руските власти и Владимир Путин ќе седат мирни по откритието дека американската NSA го шпионира интернетот. Уште пред да започнат игрите – тие стартуваат на 7-ми февруари – странските новинари се сретнаа со првите проблеми. Се чини дека новинарите се предмет на постојано набљудување и следење од страна на рускитите сајбер служби, јавува новинарот на NBC, Ричард Енгел. Подготвен да си ги заштити своите информации, г. Енгел дојде во Сочи со два неотпакувани Macbook Air и нов паметен телефон кои беа со лажен идентитет креиран од безбедносниот експерт Кајл Вилхојт. И покрај припремите, нивните уреди беа хакнати „додека пиевме кафе“. Резултатите од истражувањето покажаа дека неговиот телефон беше цел на напад речиси штом се приклучи на јавната WiFi мрежа во ресторанот, а подобро не поминаа ни двата компјутери кои ги приклучија на хотелскиот интернет.
Visit NBCNews.com for breaking news, world news, and news about the economy
Дека гостите не треба да очекуваат приватност покажува и одговорот на рускиот заменик-премиер Дмитри Козак кој, напаѓајки ги странаските новинари изјави „Поседуваме видеа од хотелските соби кои покажуваат дека луѓето влегуваат во купатилото ги вклучуваат тушевите, излегуваат и не се враќаат цел ден“. Подоцна портпаролот на г. Козак ја повлече изјавата, велејќи дека г. Козак мислел на камерите кои биле присутни во периодот на реновирање, изградба и чистење. За сајбер безбедноста на Олимписките игри се задолжени Kaspersky Labs., но и оваа компанија признава дека и поради бројот на уреди кои ќе бидат присутни во Сочи целосната одбрана од сајбер нападите ќе биде неостварлива.
How is FSB watching you in your hotel bathroom? Shut door & run shower hot for 10 mins. Clear spot on mirror is the cam. #Sochi #CI #protip
— John Schindler (@20committee) February 6, 2014