Нема крај на проблемите на Note 7, експлодираат и заменетите телефони

Samsung Galaxy Note 7 е уредот кој сите го прогласија за најдобар Android телефон, но и телефон кој постанува кошмар за Samsung. Телефоните набрзо по испораката беа повлечени бидејќи експлодираа при полнењето. Сега и заменетите телефони експолодираат, јави Verge.

Еден од заменетите уреди се запали во авион на Southwest Airlines. Сопственикот забележал дека телефонот чади, го фрлил на подот, а од него излегол зелен чад.  За среќа нема повредени, сите патници од летот од Луизвил до Балтимор се евакуирани, а летот е одложен. Еден од патниците се вратил во авионот и забележал дека телефонот го изгорел тeпихот и го исцрнел подот на авионот.

„Работиме заедно со властите да дојдеме до уредот и да ја утврдиме причината. Откако ќе го испитаме уредот ќе имаме повеќе податоци за споделување.“, велат од Samsung.

Она што е загрижувачки е што телефоот е купен на 21. септември, и според фотографиите е дел од новата серија која е безбедна. На сликата која  ја сподели сопственикот се гледа црното квадратче кое е показател дека станува збор за заменет телефон.

img_0001blurs-marked-0

Image: Verge

Агенцијата за безбедност на потрошувачите во САД, започна истрага со која ќе го разгледа последниот инцидент, јави Recode.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии