Спонзориран текст

Нема храна! Има ли чаре?

Спонзорирано од Еден на Еден

во Спонзорирани

Ако тргнавте да пазарите во супермаркетот Гранап во Карпош, големи се шансите дека ве пречека голем знак – НЕМА ХРАНА! Сигурно се разочаравте, но знајте дека многу полошо се чувствуваат илјадници Македонци секојдневно, бидејќи всушност ова за нив е секојдневие!

Гранап маркетите во соработка со маркетинг агенцијата Еден на Еден ја направија оваа акција со цел подигнување на свесноста за 17 октомври, денот на борба против гладот. Имено, маркетот во Карпош 4 беше затворен и опколен со лента која јасно укажуваше дека купците доаѓаат залудно, односно дека едноставно – нема храна. За жал ова е реалност за огромен број наши сограѓани. Како што кажуваат и постерите кои осамнаа на влезот од Гранап, 28.1% од граѓаните во Македонија не успеваат да ги задоволат основните потреби за храна и сметки, а 70.000 луѓе имаат само 2-3 оброци неделно!

Една од ретките организации која се труди да помогне на терен, носејќи храна до оние кои не можат да си дозволат редовен оброк е Банка за Храна Македонија, чиј контакт меил е отворен во секое време за сите ресторани, маркети, компании кои произведуваат храна, како и сите поединци кои сакаат да се вклучат и помогнат. Се што треба е да ги контактирате на [email protected]

“Се надеваме дека ќе допреме до голем број луѓе и дека добар дел од нив ќе се решат да помогнат. Секоја чест на Гранап маркетите кои се дел од организациите веќе вклучени во листата помагатели на Банка за Храна Македонија, навиваме да бидат мотив плус за сите останати да го сторат истото. Нека следниот 17 октомври биде ден со помалку гладни!” –изјавија од маркетинг агенцијата Еден на Еден.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на маркетинг агенцијата Еден на Еден. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии