Нема чет без апликација! Facebook ќе ве натера да го симнете Messenger за мобилен

Facebook сега бара задолжително симнување на Facebook Messenger за сите Android и iOS корисници кои сакаат да четуваат со своите пријатели. Друштвената мрежа не ја објави задолжителната промена, која веднаш наиде на критики, туку за TechCrunch изјави дека „целта ни е да го направиме Messenger најдобра апликација за текстуални пораки достапна на мобилната платформа и да ја отстраниме забуната со одвојување на Messenger од апликацијата за Facebook“. Според Facebook, Messenger го користат повеќе од 200 милиони корисници месечно.

Сепак, ова беше очекувано. Уште во април беше најавено дека Facebook сака да се трка со Viber, Skype и другите чет сервиси со самостојна апликација, и уште од април беа познати промените кои ќе бидат направени. Друштвената мрежа во оваа прилика објасни дека корисниците сега одговараат 20 отсто побрзо на пораките кои ги примаат. Промените подразбираат дека отсега корисниците мора да пишуваат пораки преку Facebook Messenger, но иако четот нема да може да се прави преку Facebook апликацијата, сепак таа ќе има копче коe ќе ве префрли до Messenger.

Но, промената е лоша и поради тоа што е принудена, и поради тоа што користењето на мрежата станува посложено. Досегашниот чет сепак беше во една апликација, наместо сегашното отворање и минимизирање за секоја порака. Што се однесува до Facebook Messenger, апликацијата е еднаставна за користење, иако истото може да се каже и за четот кој беше достапен и во Facebook апликацијата.

Се разбира дека на дел од корисниците оваа принудна промена нема да им се допадне, а бројот на апликации кој овозможуваат испраќање на текст пораки е голем, а конкуренцијата е огромна. Марк Зукерберг неодамна најави на чет апликацијата ќе и биде овозможена заработка со тоа што ќе бидат овозможена претплата.