Нема бегање, во наредниве недели сите ќе добијат Facebook Timeline

Ви се допаѓалo или не, вашиот досегашен личен профил наскоро ќе биде заменет со Facebook Timeline.

Друштвената мрежа најави дека во наредниве неколку недели Timeline ќе биде активиран за сите корисниците. Корисниците ќе имаат седум дневен период да ги прегледаат и филтрираат сите постови кои не сакаат да се појават на Timeline-от.

Timeline профилот е наменет да ја извлече постарата содржина која е споделена од корисниците. Пример, за да ги откриете постовите од пред година дена, со старите профили ќе треба да скролате до бесвест, земајќи в обзир дека споделувате во просек барем по еден пост на ден. Со Timeline тоа се прави само со кликање на мени со датуми и – voilà– содржината ќе биде прикажана. Откривајќи ја старата содржина, корисникот ќе може да одбере кои постови сака да се појават на профилот и да си креира „своја приказна“ која датира уште од „раѓањето“, како што Facebook го нарекува отварањето на профилот.

Покрај приказната, со Timeline ќе може да се одбележи омилената содржина, да се гледаат поистакнати слики кои можат да бидат поврзани со локација, и да се користат новите Open Graph апликации.

Оваа новост најмногу ќе им пречи на корисниците кои се навикнаа на старите профили. За сите други кои уште сега сакаат да го имаат Timeline, ќе можат да го активираат на официјалната страна.

[youtube]hzPEPfJHfKU[/youtube]

3 коментари на “Нема бегање, во наредниве недели сите ќе добијат Facebook Timeline

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии