Нелегално користење софтвер ја чини индустријата 46 милијарди долари

Според еден од поновите извештаи, индустријата за софтверски апликации и понатаму претрпува немилосрдни загуби кои првенствено се должат на не купување софтверски алатки, туку нивно користење преку бесплатни и нелегални извори.

Најновото истражување од страна на BSA, или Business Software Alliance извлекло заклучок дека 37% од целокупниот превземен софтвер е всушност нелиценциран, односно нелегален. Кога тие 37% би го купиле софтверот, тогаш таквата индустрија би била побогата за 46 милијарди долари.

Кога вака ќе се претстават работите, навистина делува загрижувачки, но по истата логика, софтверската индустрија добива двојно повеќе од легалните купувачи, профит кој се издигнува над 100 милијарди долари. Идеално нема никаде, а претпоставуваме дека често се случува оној кој проверил пиратска верзија на софтвер, да решил подоцна да оди со легална копија и да ја поддржи индустријата. Низ извештајот на BSA суптилно се навестува и дека загубата се намалува низ годините и од 2015 година па до сега бројот на нелегални преземања софтвер се има намалено за 2%.

Се претпоставува дека таквото нешто се должи на комплексноста на самите програми и бројните функции кои се достапни само доколку користите легална верзија на софтвер, кој, како додатна мерка, се испорачува само во форма на претплата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии