Откако се зголеми брзината на интернетот која ја нудат провајдерите се повеќе корисници, и се повеќе бизниси, наместо вообичаените повици користат видео-телефонија или видео конференциски разговори. Најголем дел од поквалитентните сервиси се разбира не се бесплатни, а цените се движат од 50 долари, па нагоре.

Meѓу сервисите кои се плаќаат доколку се користат од бизниси спаѓа TeamViewer. Неговата најголема предност, покрај разновидноста во функционалност, е неговата достапност насекаде. Со мобилна везија на сервисот и камери на сите уреди од мобилни телефони, преку таблет компјутери, па до лаптопи, корисниците на овој серввис нема да пропуштат состанок. Најголем недостаток е сепак цената од над 500, па се до 1.800 долари која ќе го остави овој сервис надвор од дофат на помалите бизниси. Сепак сервисот е наменет за комплетно корпоративни работење, не само за видео повици, па оттука и релативно елитистичката цена на услугата.

[youtube]ZjPMrAAmD0I[/youtube]

Иако Google Plus Hangouts првенствено е наменет за видео разговори помеѓу корисниците квалитетот е задоволителен и за примена во помали комании. Сервисот започна како одговор на неколу слични обиди на конкурентните социјални мрежи, пред се Facebook. Иако квалитетот на видеото нема да ве остави без зборови, услугата е целосно достапна насекаде бидејќи е вградена во прелистувачот. Бројот на учесници во видео конференции е 9, а и квалитетот на аудиото е прилично добар. Но, ќе мора да се има Google профил, што од друга страна, ова воопшто и не е лоша варијанта бидејќи со истиот профил може да се користат Google Docs кои се корисни за колаборативен бизнис.

[youtube]eeTj5qMGTAI[/youtube]

ooVoo е сервис кој е достапен за сите платформи, iOS, OS X, Android и Windows, па и на Facebook. Со бесплатната верзија можете да испраќате мали документи, до 5 МВ, да праќата текст пораки и се разбира бесплатно да користите видео разговори со 12 други корисници. Најголемата маана на сервисот е за жал бројот на корисници, кој не премногу голем и покрај покриеноста на сите оперативни системи. Може да се користи за помалите бизниси и индивидуални корници, но за поголемите компании за жал нема можност за повеќе корисници. Премиум пакетот нуди само зачувување на видео повици и пристап без реклами.

[youtube]QbFAUFL2ZKc[/youtube]

Најверојатно најупотребуваниот сервис за видео разговори кај нас, но и пошироко е Skype. Сервисот овозможува конференциски разговори до 10 корисници, иако најчесто над 5 сериозно ќе ја тестира вашата интернет конекција. За жал ова е премиум услуга на Skype, бесплантната верзија дозволува едниствено видео повици помеѓу двајца корисници, односно за конференциска врска ќе треба да платите.

[youtube]gAtVIPw7FZo[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии