Неколку старт-апи од естонскиот Garage48 настан

Победник според публиката е WannaLunch.com што е сервис за организирање на состаноци во ресторани да се дискутираат одредени теми. Одличен старт-ап сервис кој може да се искористи во комбинација со WannaLunch е Cocktailroulette – СМС сервис кому му праќате порака и тој ви сугерира каков коктел да си нарачате. Овој сервис направил интернационален приход во првите 12 часа од објавувањето.

Друг старт-ап кој се претстави на Garage48 поврзан со баровите e LocalVortex.net кој е сервис за изнаоѓање на андерграунд барови и клубови ширум светот кои ги нема во туристичките водичи.

Prygikast е едноставен еколошки сервис, мапа која ви лоцира каде е најблиската канта за рециклирање.

Доста интересен старт-ап е MySocial.name е сервис кој ги собира вашите пријатели од друштвените мрежи и ги вметнува во контакт листа.

Има и интересни апликации за друштвените мрежи. Интересна Facebook апликација е Off The Counch со која организирате спортски и друштвени настани повикувајќи ги вашите Facebook пријатели.

Twistlist.net е сервис за Twitter кој генерира информации според таговите на сервисот за микро-блогирање.

Garage48 e организирана од Estonian Startup Leaders Club, a целата листа на креираните проекти ќе ја најдете на garage48.org

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии