Заедно пред публика, Никола Анѓелковиќ и Сашо Јадровски oд 3PDevelopment зборуваат брзо и зборуваат многу. Првпат ги чув на ланскиот Startup Weekend Skopje каде беа дел од победничкиот тимот со апликацијата Babblr, и повторно ги слушнам на неодамнешен и шести Startup Grind Skopje. И на двата настана и Никола и Сашо се покажаа како одлични говорници. Ги знаеја сите мали трикови и детали како да зборуваат пред публика, беа харизматични, вметнуваа шеги, и беа дојдени на Startup Grind Skopjе подготвени да споделат корисни совети за како се презентира пред потенцијални инвеститори.

Нивната победничка апликација, креирана од идеја за само два дена на Startup Weekend, наиде на малку чудни проблеми веднаш по настанот. Од Babblr мораше да ја прекрстат во Cirql поради трејдмарк конфликт со друга апликација, но потоа и Facebook се реши да го смени своето SDK од кое апликацијата ги вадеше листите на пријатели. Имаа и неколку понуди за соработка но ако се префрлат во Лондон и Белград, и требаше да одат во Минхен на стартап натпревар. Но, не прифатија и не отидоа. Ниту се откажаа од креирање на апликации. Дечките, кои го работат и БркајРабота.мк, сега креираат нова апликација Betty, скратено од „betting“, со која планираат да ги освојат спортските фанови.

(Победничкиот тим од ланскиот Startup Weekend, Сашо и Никола се најдесно на сликата)

На Startup Grind беа поканети да споделат совети како да се продаде идејата, совети собрани од нивното искуство кое ги научи дека треба да се подготвиш за секој предизвик, и наместо слепо да ја гледаш конечната цел, треба да се фокусираш и на малите грешки и детали по пат, кои се покажуваат пресудни за инвеститорите. Еве што советуваат Никола и Сашо:

  • Прво треба да бидете тим и да имате добра организација. Според нив, тимот е клучен бидејќи инвеститорите често инвестираат во тим кој може да се соочи со предизвиците, а не да потклекне пред нив. Организацијата е клучна, но и бројот на членови во тимот. Ако имате неколку луѓе што работат на една работа, тогаш тоа може да биде проблем.
  • Бидете подготвени да ја смените идејата во било кое време. Слушајте ги менторите бидејќи тие ви се првите корисници. Ако има различни ментори на кои им се совпаѓаат мислењата тогаш нешто навистина не е ред со вашата идеја. Често може апликациите да зависат од други технологии, пример Facebook, кој може да смени нешто и да ви ја зезне апликацијата. Не може да знаете што ќе се случи со туџи сервиси во иднина. Не заборавајте да внесте туторијал како работи апликацијата.
  • Направите нешто за луѓето да ве забележат. Натерајте ги луѓето со креативна идеја, пример поставете ја апликацијата на штанд и поканете ги другите да ја пробаат. Ако сте на натпревар, така ќе ве запознаат и инвеститорите и судиите, ќе им упаднете во очи, и се што ќе ви треба за да добра завршница е да имате добра презентација. Ракциите и аплаузот од публиката ќе влијае врз судиите.
  • Вашата апликација мора да решава некој проблем. И да е игра, решава проблем на досада. И мора да имате монетизација, пример да внесете in-app купувања, за да може да го убедите инвеститорот дека вашата апликација може да му врати пари. Инвеститорите сакаат да инвестираат, да направат пари, и ако вашиот сервис не го прави тоа, ниту има план како да го направи тоа, тогаш нема причина зошто би инвестирале во вас.
  • Не мора да бидете програмер за да имате стартап, да имате добра идеја, или да креирате добар тим. Потребно ви е само идеја, и луѓе кои го имаат истиот ентузијаст за идејата. Повеќето стартап натпревари започнуваат само со креирање идеја, потоа следат сите други работи. Сетете се на напишаното погоре – инвеститор може да вложи и само во тимот.
  • Кога презентирате, не го вртете грбот кон побликата и жирито. Гледајте ги судиите во очи. Фокусирајте го погледот на тој што не ве слуша, за да може да го натерате да ве слуша. Не покажувајте ливчиња, тоа значи дека не сте подготвени. Знајте го пред се натпреварот на кој што настапувате. Пример, ако е Startup Weekend фокусот е на бизнис планот, ако потехнички настан како CodeFest спомнете го и кодот. Тие мали детали, дури и говорот на телото и мало динамично движење на сцена, можат да значат и поголем интерес од инвеститорите и жирито. Тие мали детали ќе ви донесат награда, потоа работите би требале да бидат полесни (во теорија).

Startup Grind и презентацијата на Никола и Сашо беа тема на последната епизода на подкастот #ИТН. Слушнете како тие се справија со проблемот со трејдмарк и други интересни совет како се презентира:

ITN Podcast E24 by Radio Mof on Mixcloud

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии