Неколку новитети за следната верзија на HTML

Дејан Соколоски

во feature, Веб, Софтвер

Актуелната верзија на HTML, HTML5 ја доби препораката пред околу 6 години. Оттогаш во WHATWG се работи на следната надградба и кога ќе има доволно промени ќе се соберат во следниот стандард. Она што е познато од поодамна е дека промените се внесуваат малку по малку во новиот стандард.

Web Hypertext Application Technology Working Group (WHATWG) веќе објави „документација во живо“ која ја нарече „Living Standard“. Документацијата ќе се менува како што се додават промените. Ова овозможува спецификациите кои постојано се надградуваат, подобруваат и менуваат побрзо да бидат имплементирани во прелистувачите како: Chrome, Firefox, Sаfari и Edge. WHATWG постојано ги додава овие промени и кога ќе има доволно кои се поддржани на прелистувачите стандардот ќе биде усвоен.

Телото кое работи на оваа стандардизација оваа недела ги објави најновите промени. Она што ќе им биде интересно на дел од луѓето кои работат со HTML код е дека има неколку интересни новитети.

<dialog> наместо модал

Во сегашната верзија модал прозорци се креираат со JavaScript. Следната верзија ќе воведе нов елемент <dialog>. Овој елемент со атрибут “open” (<dialog open> </dialog>) ќе биде активен и ќе се појавува на местото на кое е лоциран на страницата.

<dialog open>
    <p>Порака во модал</p>
</dialog>

Отворањето се прави со showModal() метод и веројатно најдобрите примери може да ги пронајдете на Developer Mozilla.

Една од покорисните функционалности на <dialog> е можноста за вгнездување на форми во елементот. Kако „method“ во формите може да се користи и method=”dialog” што враќа податок назад до елементот.

Сите кои сакаат да го тестираат можат да го направат на ова на Google Chrome, прелистувачот веќе го има имплементирано <dialog>.

<menu> наместо <ul> за подобар контекст на менијата

<menu> е нова листа која треба да ги замени <ul> кога е во прашање креирање на менија.

Практично нема никаква разлика помеѓу <ul> и <menu> и треба да даде малку повеќе контекст на различни менија за сајтови. Освен контекстот разлика помеѓу двете не постои.

<menu>
    <li>
        <button onclick="copy()">
            <img src="copy.svg" alt="Copy">
        </button>
    </li>
     <li>
        <button onclick="cut()">
            <img src="cut.svg" alt="Cut">
        </button>
    </li>
    <li>
        <button onclick="paste()">
            <img src="paste.svg" alt="Paste">
        </button>
    </li>
</menu>

Стандардот сè уште е во изработка и има уште доста време пред WHATWG да го каже „последниот збор“. Интересни предлози може да пронајдете и на страницата на w3 наменета за HTML/next.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии