Неколку материјали кои ќе ви помогнат да се запознаете со blockchain и криптовалути

Дејан Соколоски

во feature, Блог

Криптовалутите, а пред сѐ blockchain, се дел од највозбудливите технологии последниве неколку години. Но, дали знаете што се криптовалути и што е blockchain?

Ако не знаете точно што се криптовалути и технологијата зад нив не грижете се, не сте осамени. Неодамна на една тема на ProductHunt се отвори прашањето за најдобар материјал за запознавање со можностите на технологијата.

Најголем дел од советите кои ги споделија корисниците се однесуваа на книги или статии за крипто валутите. Така, ако може да ги пронајдете Mastering Bitcoin или Bitcoin Revolution секако многу ќе ви помогнат да дознаете податоци за оваа тема. Сепак, ако не ви се потребни премногу детали има неколку интересни веб-апликации кои практично се обидуваат да ви објаснат за blockchain и трансакциите.

BlockchainDemo е една од овие апликации кои не само што ги објаснуваат главните елементи, туку доволно детално опишуваат сѐ што е потребно да знаете за криптовалутите. Тука преку видео, но и демо во живо, ќе добиете практичен пример за blockchain. Иако нема премногу теорија, благодарение на веб-апликацијата податоците кои ќе ги видите полесно ќе ги разберете.

Кога само трансакциите се во прашање, freeCodeCamp имаат одлично објаснување за љубопитните на својот блог на Medium. Блогот е фокусиран на blockchain и на трансакциите. Иако не е премногу детален и овде има BlockChain Demo кое ќе ви помогне полесно да разберете: како се менуваат хашовите; како се креираат блоковите; за на крај и самите да увидите како се менува blockchain.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии