Неколку локации на кои може да си ги подобрите Photoshop вештините

Летото е супер период кој може да го искористите да се здобиете со нови вештини.

Секако може да научите да програмирате, но не сите сакаат или се заинтересирани за програмирање. Наместо да се мачите со кодови, може да се занимавате со нешто покреативно. Секако инспирацијата и талентот се едно, но познавањето на алатките кои ги користите е нешто сосем друго.

Најверојатно не постои подобра алатка од Photoshop за графички дизајн,  иако има и куп други кои сериозно се приближуваат. Благодарение на SaaS определбата на Photoshop со Creative Cloud сега за 10 дoлари месечно може да користите: Lightroom CC, Lightroom Classic CC, Photoshop CC, Adobe Spark и плус 20 GB простор за околу 4 000 фотографии.

Но, каде да најдете соодветни туторијали кои ќе ви помогнат за подобро да ги користите алатките кои ви се располагање? Ова се дел од локациите на кои може да пронајдете лекции и упатства, а ако имате некоја подобра, секако споделете ја со нас!

 Adobe

Очекувано туторијал страната на компанијата која го произведува софтверот се најде на првото место. Можеби за поискусните корисници и не е најдобра локација за понапредни вештини, но за почетниците е одлична. Може да пронајдете и туторијали, но и „видео лекции“.

GCF LearnFree

Основите на Photoshop може да ги најдете на GCF Learn Free. Дополнително, ќе може да дознаете повеќе и за бесплатни алтернативи, што може да правите со Photoshop и како. Станува збор за основи на софтверот и иако не е спектакуларно, сепак е сосем доволно да започнете.

Design Stacks

Платформата нуди и туторијали за почетници, но и малку пофокусирани теми. Пример, како да обработите темна тема или манипулација со специфични алатки. Она што е добро е што најголем дел од туторијалите тука чекор по чекор ќе ве натераат да рекреирате некоја илустрација. Сè што е потребно за создавање на овие слики е достапно во лекциите.

Photoshop Essentials

Платформата нуди видео туторијали кои ќе овозможат да научите куп работи, од самите основи на алатката, па се до трикови кои ќе ви помогнат во специфична ситуација. Мал проблем со вторите е што не се постојано потребни, па додека ви затребаат најверојатно ќе ги заборавите.

PS Herо

PS Hero е дело на еден човек, но тоа нема да го познаете на страницата. Има доволно лекции и туторијали, па и бесплатни ресурси кои може да ги користите во своите проекти.

Deviant Art

Ок, најверојатно не очекувавте да го видите Deviant Art на листата. Но, на платформата за споделување на илустрации всушност има прилично добра колекција и архива на туторијали за Photoshop. Политика на овој дел на сајтот е да не се примаат туторијали кои не се чекор по чекор, па се што ќе видите може да следите и да го направите.

Ова секако не се сите сајтови на кои може да пронајдете лекции и туторијали за Photoshop. Ако мислите дека некоја локација е прескокната, споделете ја со нас во коментарите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии