Неколку кул .мк веб речници за брзи преводи

Еден од поновите веб .мк речници е тој на On.net.mk кои го претставија по редизајн на порталот. Сега новиот речник сугерира и ги комплетира зборовите додека ги внесувате, има неколку јазика, еден клик опција за продолжување на зборот со „*“ на крај или почеток, има интересна истакнато прозорче за да додадете превод на збор или да поправите погрешен превод и има конвертор на текст од латиница на кирилица.

Kул .мк речник е и тој на 365.com.mk кој е едноставен, убаво дизајниран, и дава сугестии во реално време додека се пишува зборот, а при резултатите дава и листа од зборови со слично значење. Има опција за додавање/поправање на превод. Според „inside info“ се спрема и Android верзија на речникот.

Друг позначителен и покористен веб речник е речникот на Idividi.com.mk, но за разлика од претходниве два, освен основно прикажување на преводите нема кој знае какви можности. Истото важи и за речникот на Time.mk кој нуди малку поинакво гледиште споредувајќи ги македонските со англиските зборови.

Бонус:

Google Translate е одлична алатка за преведување на цели текстови, веб сајтови и пасуси. Можеби Google Тranslate не дава совршен превод, но е корисен + во секој момент може да се поправи зборот со што ќе се подобри севкупниот превод.

2 коментари на “Неколку кул .мк веб речници за брзи преводи

  1. Не дека е мое, и не е идеата да спамирам, ама… ако случајно нон стоп нешто преведувате од веб, обавезно пробајте ја екстензијата на он.нет за Фајрфокс. Цел речник го имате на десен клик (а ако ви пречи тулбарот секогаш може да го исклучите).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии