Неколку кул камери за паметни телефони

(Ова е гостински пост на Владимир Танев, студент на ФИНКИ, слободен софтвер ентузијаст, Linux корисник, и фриленс автор. Сподели и ти твоја содржина на It.com.mk).

Овогодинешниот Mobile World Congress во Барселона не воодушеви со нови продукти, иновации и нови технологии. Меѓу нив имаше и неколку камери за паметните телефони кои ни оставија интересен впечаток бидејќи не се користата само за селфи фотографии, туку за нешто поинтереснo, како за биометричко идентификување или за снимки од миленичиња.

Star Trek

Израелската компанија SCiO демонстрираше технологија која се поврзува со паметниот телефон, која може да детектира колкав е природниот квалитет на храната или да укаже на разликите помеѓу вистинските и лажните фармацевтски производи. SCiO ќе започне со продажба на овој продукт во јуни и се смета дека ќе биде 250 долари.


Скенер за отисоци на прсти

Jужнокорејскиот Union Community претстави мобилен приклучок наречен Nurugo, кој што е дизајниран како едноставен идентификатор на отисок на прстите. Смислен за оние телефони кои немаат таков сензор, за разлика од поновите модели. Nurugo направен доволно мал за да може лесно да се приспособи на било кој мобилен телефон, бидејќи се залепува на телефонот со магнети. Од едната страна се наоѓа читачот на отисок, а на другата страна се приклучиваат леќите на камерата, каде што го скенирате прстот. Отпечатокот преку Nurugo апликацијата може да се искористи како ПИН при заклучување.

Скенер на очи

Union Community не беа единствени кои презентираа продукт базиран на биометричен идентификатор. Кинеската компанија ZTE претстави нова верзија на Android Grand S3 телефон кој ја користи камерата за скенирање на окото за биометрична идентификација. Но, не го скенира човековата зеница, туку крвните садови кои се наоѓаат во белката, користејќи EyeVerify’s EyePrint ID систем. Овај продукт чини околу 500 долари.

Термографска камера

Американската Flir Systems претстави редок приклучок на Flir One продуктот, кој, со помош на камерата, детектира топлински потписи и топлински обрасци. Првиот модел кој што излезе од ова компанија беше само за iPhone, но сега новиот модел е за сите iOS и Android модели. Цената на овој продукт ќе се движи околу 200 долари.

Камера за спорт и миленичиња

Новата камера на Xiaomi e продукт кој што се споредува со популарните спортски камери на GoPro. Но, Yi Action Cam не не воодушеви премногу на годинешниот саем, иако можеби поинтересно е што доаѓа со појас за вашето милениче. Xiaomi се надева дека камерата ќе им се најде на спортистите, и најавуваат интересни видеа на YouTube, благодарение на овај продукт. Yi е самостојна камера, но може да се поврзе со паметните телефони на Xiaomi.

Телефон кој наликува на камера

Lenovo претстави камера која е всушност телефон, или е телефон кој е камера? Дизајнот е малку невообичаен, но телефонот има 16 мегапиксели камера со стабилизатор за слика, и автоматски и про модули за мануелно подесување на ISO, експозицијата и други параметри.

1 коментар на “Неколку кул камери за паметни телефони

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии