(Овој текст е поддржан од Vip, како дел од кампањата “#Заедно е подобро.”)
Coworking е хит поради две едноставни причини – работите во креативен простор и работите #заедно со други професионалци. Затоа не е ни чудно што во Скопје, Битола и Охрид никнуваат вакви coworking простори кои можат лесно да им одговорат на потребите на фриленсерите, стартапите, дизајнерите, програмерите и било кој што не сака да седи заглавен сам во канцеларија. Coworking просторите функционираат и за компаниите кои ги мотивираат своите вработени да се вмрежат со другите, дали во потрага по нов талентиран кадар или #заедно да дојдат до нови креативни идеи.
Подолу е листа на неколку coworking простори во Скопје кои се вистинско место за сите професионалци кои немаат канцеларија, но можат за помала цена да ги добијат сите основни работи како интернет, место за работа, и можеби нешто повеќе – да најдат нови луѓе за својот тим, нови соработници, или едноставно да се дружат во потрага по инспирација.
Coffice
Иако нема редослед, секој coworking простор си нуди свои предности, и зависи најмногу од вашите потреби, сепак првин ќе го спомнеме Coffice. Овој coworking простор е можеби најмал, но беше отворен од стартап ентузијастка Даниела Милошеска која сакаше да го популаризира светскиот тренд на заедничко работење и во Македонија. Денес ако прашате некој фриленсер да ви наведе заеднички простор, големи се шансите првиот предлог што ќе го чуете да биде Cofficе. Секако креативното име помага и да се најде меѓу првите резултати на Google.
NewMan’s Business Accelerator
Иако NewMan’s Business функционира повеќе како инкубатор за стартапи, сепак компанијата стартуваше и coworking простор кој се изнајмува на најразлични професионалци во најразлични пакети. NewMan’s е дом на многу македонски стартапи и креативни ентузијасти, па инспирацијата за работа нема да ви недостасува. Aкцелераторот изнајмува и простор за настани, a oд неодамна најави планови за лабораторија за стартапи што работат со 3D принтери, дронови и други ИТ чуда.
Impact HUB Skopje
Hub Skopje е coworking простор кој е отворен за сите, но специфичен е бидејќи има заедница на социјални претприемачи кои сакаат нивните стартапи да бидат нешто повеќе од само бизнис. Тие сакаат да направат промена во заедницата и општеството, креирајќи стартапи кои се само-издржливи. Поддржан од инвеститорите CEED Macedonia, Impact HUB Skopje е исто така и инкубатор за стартапи.
Seavus Incubator
Seavus е познато име на сите ИТ луѓе во Македонија. Софтверски гигант кој од неодамна ги отвори вратите на својот coworking простор што се користеше за неговата академија. Сега тој простор, кој е комбинација помеѓу заеднички простор и инкубатор, е отворен за сите професионалци, дизајнери, креативци и стартапи кои работат со новите технологии, како на пример Интернет на нештата. Тоа што го разликува од другите е што Seavus Incubator е отворен и за новите онлајн медиуми на кои им е потребно место да работат. Просторот е огромен и има можност за организирање на настани и средби.
Бонус: Funky Coworking Friday
Funky Friday не е coworking простор. Всушност, додека не го најават настанот не ни знаете каде се одржува. Но, бесплатен е, и за секој што сака да види како изгледа coworking-от, да види што треба да очекува од заедничките простори, и какви професионалци работат таму #заедно; тогаш Funky Coworking Friday е вистинското место. Се одржува секој петок од 12 до 16:00 часот на претходно изберена локација, најчесто во Јавна Соба. Отворен е за сите, и според Емир Слезовиќ, организаторот на настанот, Funky Friday е замислен како настан кој ќе го претстави coworking-oт како продуктивен концепт. „„Funky Friday не е вообичаен простор кој го изнајмуваш и доаѓаш да завршиш секојдневна работа, туку coworking настан на кој доаѓаш да работиш, но и да запознаеш интересни луѓе, да се поврзеш со нив“, вели тој.
Заедно сме повеќе, заедно – сите сме Vip! Содржините #Заедно се поддржани од Vip