Неколку интересни нешта од Comic-Con 2011

Во последниве десетина години San Diego Comic Con прерасна од стрип саем во саем за најголем дел на забава. И покрај тоа што саемот и сега е во најголем дел за стрипови, во него се повеќе се опфатени и останатите форми на забавни содржини серии, филмови, „action figures” за колекционери, друштвени игри, видео игри и многу други содржини. Морам да признаам дека и покрај тоа што сум фан на стрипови, годинава прв пат го следев фестивалов во „живо“ (преку преноси на содржините на интернет). За разлика од Е3 претходно, добив впечаток дека на Comic-Con повеќе се обрнува внимание на содржините, па и целиот саем е повесел и порелаксиран. Од понудените содржини ќе се обидам да презентирам неколку меѓу кои Bioware, Blizzard и на стрипот Blood Red Dragon.

BioWare по којзнае кој пат ја презентираа SW: The Old Republic овој пат ја објавија и предпродажбата на играта (на големо разочарување на гејмерите кај нас, за сега Македонија не е една од дестинациите од каде може да се нарача играта). Меѓу другото беа презентирани актерите кои ги покриваат гласовите во играта. Какои некои содржини од последните нивоа на играта. И покрај тоа што играва ја следам веќе три години и објавени се огромен број содржини секој пат сум изненаден од колку дизајнерите на BioWare имат за презентирање. И покрај тоа што сум во исчекување на играва не верувам дека ќе биде WoW-killer, ниту па мислам дека треба да го очекуваме новиот WoW. Тоа што сите треба да го очекуваме е уште еден ААА ММО кој ќе биде подобар и подолготраен од досегашните. На пресот исто така беше објавена новата соработка на BioWare и Dark Horse за стрипови за Old Republic и Mass Effect.

Blizzard најмногу се задржаа на Diablo III, Starcraft 2 и World of Warcraft, ама овојпат не за MMO-то туку повеќе за книгите и World of Warcraft: Trading Card Game. И покрај тоа што настанот беше релативно забавен, сепак најголем дел од информациите (ако не и сите) ги задржаа за Blizzcon кој доаѓа Септември-Октомври. Така да најголем дел од пресот и Q&A беа посветени на новелите и друштвените игри. Поради ова најверојатно и фановите не беа презадоволни од пресот, па на форумите и не бираа зборови да го искажат своето незадоволство. Тоа што мене не ми се допаѓаше е што на секое прашање за видео игрите фановите беа упатувани на Blizzcon. А тоа што нема да им се допаѓа на Blizzard е фактот дека едниствен кој дојде блиску до аплаузите кој ги собраа BioWare, беше девојка од публиката кога се пофали дека игра хорда!

Презентацијата на Blood Red Dragon беше токму тоа што на што јас го очекував од Comic Con. На настанот беше присутен Стен Ли, вистинска легенда на стриповите кој на деведесет години сè уште зрачи со ентузијазам. Таткото на Fantastic Four, X-Man, Spiderman, Hulk, Ironman е навистина како домаќин на Comic Con, а освен на оваа презентација беше присутен и на презентациите на Activison за нивните видеоигри Spiderman и X-Man, како и на пресот на Marvel Comics. Пресот за Blood Red Dragon всушност беше огромно шоу на Стен Ли, кој не штедеше на зборови да го пофали музичарот Јошики кој е идеен творец на стрипот.

Стен Ли го искористи пресот на Activison уште еднаш да го потврди својот ентузијазам за видео игрите. Кога го прашаа за неговите впечатоци од видео играта Spideman Стан Лее одговори: „Се чини добро да се види нешто вакво направено. Префрлањето на карактерите од стрипови на интерактивен медиум како што се видео игрите е поволшебен дури и од филмовите.“

Бидејќи ниеден Comic Con не е комплетен без Star Trek оваа година имавме можност да ја видиме најавата за документарниот филм на Вилијам Шатнер – „The Captains”. Презентацијата ја водeше режисерот, сценаристот и исто така стрип ентузијаст Кевин Смит. Ќе биде навистина интересно да се види како првиот капетан на Enterprise сега 80 годишниот Шатнер ќе ги претстави сите капетани на вселенскот брод кој влијаеше на публика од голем број на генерации.

За крај еве некои од маските и настаните од годинашниов Comic-Con преку слики.

Додека го пишував текстот не можеше да не се потсетам на нашите стрип уметници и другите алтернативни уметници. Некако кај нас се заборавени дури и стриповите кои некогаш ги имаше одамна не сум ги видел на македонски јазик. Се разбира не очекувам некој да организира настан од типот на Comic-Con со 125.000 посетители, но можеби некој помал каде ќе можат да се претстават сите ентузијасти би морало да има. Ако не за оваа генерација тогаш секако за генерациите кои доаѓаат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии