Неколку импресивни најави на CES 2020

Дејан Соколоски

во Вести, Хардвер

Заврши веројатно најинтересниот настан кога технологијата е во прашање, Consumer Electronics Shoe. Изненадувања имаше и оваа година и тоа во поголеми пакети. Sony за првпат претстави електричен автомобил, иако станува збор за концепт возила. Второто и поголемо изненадување е паметниот град на Toyota.

Паметен град за истражувачи на Toyota

Toyota Woven City е паметен град со целата технологија која можеме да ја замислиме. Градот ќе зафаќа површина од 708 200 m2 и неговата изградба започнува во 2021 година. Иако Toyota е единствен инвеститор во овој проект, сепак проектот ќе биде отворен за истражувачи кои ќе бидат поканети од компанијата да работат во паметниот град.

Паметниот град ќе биде импресивен проект, ќе биде изграден од дрво и ќе се напојува со електрична енергија со фотоволтаични панели. Под земја се закопани водородни батерии во кои ќе се складира електричната енергија и ќ Паметна технологија во градот ќе се користи и за жителите, од роботи па се до најразлични сензори за сообраќај, температура, фрлање на ѓубре и куп слични потреби.

Секако Toyota ќе биде „задолжена“ за превоз во паметниот град. Минибусот e-Palette ќе се користи за достава и транспорт на производи, jaвен превоз, па дури ако мора и привремен престој. Возилото е електрично и сосем автономно.

Секако креирањето на град што се користи да смести истражувачи делува на луда идеја од некој филм, иако не е дека нема да биде без возбудувања.

Прототип еклектичен автомобил на Sony

Sony оваа година ќе „украдеше“ дел од вниманието и со PlayStation 5, но иако имаше најави дека ќе може да дознаеме повеќе за жал конзолата остана надвор од презентацијата и штандот на Sony. Наместо ова компанијата ни приреди изненадување и го претстави Vison-S, првиот автомобил од Sony. Вистина станува збор единствено за концепт возило кое треба единствено да презентира како сите сензори и уреди на компанијата може да се спакуваат во еден пакет и да ги направат автомобилите побезбедни, поинтересни и позабавни.

Фокусот со неколку безбедносни сензори и нивна комбинација и фузија е на безбедноста при возењето. Комбинацијата од CMOS оптички сензор со висока резолуција, solid state лидар и радар, сензор за растојание/длабочина (time of flight) помага за поголема безбедност и Sony го нарекува безбедносен „кожурец“.

Безбедноста без сомневање е и најважна, но не беше и единственото нешто што можевме да го видиме. Импресивната возачка табла составена од неколку екрани, уникатниот начин за споделување на податоци со совозачите е навистина импресивно. Возилото доаѓа и со одличен систем за забава, покрај дисплеите на командната табла има дополнителни дисплеи и за патниците на задните седишта. Аудио системот со помош на вештачка интелигенција и куп сензорите и со софистицирани пресметки овозможува и најдобро аудио искуство. Така вештачката интелигенција преку сензорите прегледува кои седишта имаат патници и го прилагодува звукот за најдобро искуство за нив.

Vision-S колку и да е импресивен сепак првенствено е пакет кој на останатите производители треба и им ги покажува можностите на сензорите и целата технологија на Sony која е употребена во возилото.

Флексибилен таблет компјутер/лаптоп од Lenovo

Флексибилните телефони засега не нè импресионираат, но секако се тука и во иднина ќе видиме и нови поинтересни уреди. Засега CES понуди нов сектор за флексибилните дисплеи, лаптоп и таблет компјутери. Lenovo ThinkPad X1 Fold е мешавина помеѓу лаптоп и таблет компјутер со флексибилен екран. Компјутерот има два мода на работа. Кога екранот е сосем отворен тогаш работи како таблет компјутер. Кога не е сосем отворен тогаш се користи како лаптоп со два екрани еден врз друг.

Најверојатно на дел на корисниците ќе им се допадне користењето како книга или списание, а ThinkPad X1 и по формата е некаква копија на книга. Дали ова е доволно за да заинтригира дел од купувачите би требало да дознаеме наскоро.

Лоша вест за сите заинтересирани е дека е навистина скап уред. Lenovo ThinkPad X1 Fold чини 2 500 долари, а ќе биде достапен во продажба од средината на оваа година.

Phonak Virto Black паметно апаратче за слушање

Електрониката која се користи како медицинско помагало е дел од CES одамна. Оваа година „ѕвезда“ на настанот е Phonak Virto Black, апаратче на слушање кое благодарение на технологијата овозможува најдобар можен звук. Апаратчето автоматски, преку алгоритми се прилагодува на звукот на околината. Дополнително апаратчето за слушање може да се користи и како слушалки за музика и за телефонски разговори. Добра вест е дека се поврзува преку Bluetooth и може да се користи и со Android и со iOS уреди.

Како дополнителен додаток на слушалките доаѓа „Roger“, додаток за слушалките кои е полн со микрофони. Уредот може да се користи за слушање на поголемо растојание; слушателот може да биде оддалечен до 10 метри од „Roger“ и да го добива сигналот од уредот. За жал цената на слушалките е премногу висока, Phonak Vitro чинат 6000 долари и засега нема податок дали во оваа сума е вклучен и додатокот.

Поевтини верзии на Note и Galaxy 10

Веќе подолго време CES не е настан на кој очекуваме да видиме нови и спектакуларни телефони. Тоа не е случај ни овој пат, но не останавме без интересно изненадување. Samsung претстави нови верзии на своите најмоќни и најпопуларни телефони. Galaxy Note 10 и S10 добија Lie верзии кои ги немаат можностите на оригиналните модели, но се  доволно моќни да бидат интересни за купувачите.

Екраните и камерите на новите верзии се различни со оригиналните. Иако Samsung вели дека ова не значи и дека се послаби, веројатно сепак флегшип телефоните и понатаму ќе останат со подобри екран и камера. Засега нема ниту дата, ниту цена за излегување на Lite варијантата иако би требало да се појават на почеток на 2020 година.

Dell XPS 13 повторно на врвот

Лаптоп на Dell, XPS 13 веќе подолг период е на самиот врв кога се во прашање Windows лаптоп компјутерите. Со новата верзија Dell повторно се враќа на врвот. Во зависност од потребите корисниците може да одберат помеѓу 1080р и 4К екран; различни верзии на процесорите, од најслабите, па се до најмоќните. Оваа верзија на уредот ќе има и „developer“-едиција наменета за Linux корисниците.

XPS 13 (2020) е достапна од 7 јануари за 1000 долари, а Linux верзијата доаѓа за 1200 долари на 4 февруари.

Ако CES не ги задоволи вашите интереси и се надевавте на повеќе, добрата вест е дека и следниот голем настан доаѓа наскоро, станува збор за Mobile World Congress кој секоја година во февруари се одржува во Барселона.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии