Неколку игри кои треба да си ги купите oд новогодишнaта распродажба на Steam

Новогодишните празници значат дека ќе имаме повеќе време за гејминг! Но, што да се игра? Најголемата дигитална продавница за видеоигри, Steam, традиционално во овој период ја одржува големата зимска продажба со попусти на игри до 80%. Новитет е што нема веќе дневни и брзи продажби, па попустот на секоја игра трае во текот на целата распродажба, односно до 4-ти јануари. На Steam има над 6.500 игри за различни платформи, па наместо да се губите во листи, IT.mk најде неколку одлични игри што мора да ги изиграте:

Доколку сте љубител на аркадни игри Ori and the Blind Forest е игра која ќе ве врати во деството. Ова е прекрасно изработена игра во која протагонистот е младо сираче на кое му е судено да биде херој. Прекрасна игра е и Transistor, која доаѓа од креаторите на Bastion. Ова е една од ретките игри со девојка во главна улога, и доколку ви се допаѓа претходникот не смеете да ја пропуштите.

Besiege е потполно луда игра – спој на Minecraft и „tower defence“ игра во која играчот креира машини со кои напаѓа и разрушува градови и тврдини, се справува со куп храбри бранители, а сето тоа гарантира часови забава. The Talos Principle е инди игра од хрватското студио Croteam кои стои и зад Serious Sam. Овојпат станува збор за „загатка“ која ќе им се допадне на најголем дел од љубителите на Portal.

Не е премногу често најдобрата игра за 2015-та веднаш да биде на посериозен попуст, но, The Witcher 3: Wild Hunt сега чини само 30 евра. Без сомневање ќе поминете часови играјќи, иако единствен проблем е што периодот од новогодишните празници не е доволно долг за да ја завршите играта.

Undertale најверојатно е најчудната игра на листата. Ова е видеоигра која може да ја завршите без да уништите никого!? Но, без сомневање и само од гледање на видето ќе ве зарази 8-битна носталгија, па можеби и самите ќе видите зошто играта е една од надобро рангираните оваа година.

Можеби се наближува Нова Година, но премиерата на Star Wars e свежа и најверојатно ќе го одбележи празникот оваа година. За жал, Star Wars: Battlefront не е достапна на Steam, но достапни се сите останaти Star Wars игри. Доколку сте ги пропуштиле и можете да преминете преку застарениот изглед Tie Fighter, X-Wing, Knights of the Old Republic се најверојатно најдобрите игри креирани за Star Wars универзумот.

Don’t Starve наизглед е едноставна игра, бидејќи сѐ што треба да направите е да преживеете определен период во дивина, а на располагање ви се куп алатки. Но, играта е фантастична бидејќи доаѓа со куп непријатели и опасности, а играчот ќе треба да собира ресурси и да гради апарати за да преживее.

Доколку не сте ја изиграле GTA V добра вест е дека е дел од новогодишната распродажба. Лоша вест е што, како и за Witcher 3, Rockstar креираат огромни светови за кои ќе ви требаат недели, ако не и месеци за да ги завршите.

Middle-earth: Shadow of Mordor беше дел и од есенската продажба, но овојпат цената е нешто пониска за најдобрата игра од 2014 година. GOTY верзијата чини околу 15 евра, а како некои претходно споменати игри, поради должината може да ви потрае до летото.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии