За разлика од САД кaде инвеститорите се тркаат за ИТ компании, во Европа има помалку интерес бидејќи се работи за мулти-културен пазар на повеќе јазици каде секоја земја си има свои закони и правила на игра. Но, како што стануваме дигитално општество, како што ЕУ ја турка Дигиталната агенда, така и интересеот на инвеститорите се фокусира на потенцијалните ИТ компании.

Подолу се неколку европски стартапи кои се светски бренд, кои имаат потенцијал да станат големи и уште поголеми, и тоа не само поради технологијата што ја нудат, туку и поради поддршката што ја имаат од инвеститорите и потенцијалот на пазарот.

Rovio, Финска

Основани во 2005-та, Rovio е креаторот на Angry Birds која е најпопуларната мобилна игра на сите платформи, симната над 200 милиони пати. Иновативноста на Rovio да креира игра што ќе го освои светот ги привлече инвеститорите да вложат во иднината на компанијата која сега се проценува дека вреди 1.3 милијарди долари. Иднината на Rovio не е само креирање мобилни игри, туку креаирање на друштвени франшизи.

Spotify, Шведска

Spotify e сервис за продавање и стримање музика користејќи P2P мрежа. Spotify е стартуван во 2008-ма година, и веќе полека почнува да се шири низ европските земји, а од неодамна е достапен и во САД. За жал, сервисот не е достапен во Македонија, сега за сега.

Spotify има десетина милиони корисници, а од нив милион корисници плаќаат претплата носејќи 8 милиони долари месечно. Неодамна Spotify влезе и во договори со Facebook да овозможи стримање музика преку друштвената мрежа. Ако тој план се оствари и функционира како што треба, тогаш Spotify ќе може да стане музичкиот сервис кој ќе му конкурира на iTunes на Apple.

Huddle, В. Британија

Стартуван во 2006-та, софтверот за тимска комуникација и менаџирање на Huddle стана сервис кој се користи од британската влада, Disney, NASA и уште 90.000 бизниси ширум светот. На почетокот на 2011-та година Huddle склопи дистрибуциски договор со HP што сигурно ќе му даде огромна поддршка за ширење во бизнис светот. Huddle беше вклучен во топ 50 листата на Business Week за стартапи кои „се следниот Google?“.

Layer, Холандија

Layer е чекор понапред до сите други стартапи бидејќи си игра со сè-уште-неискористениот концепт на проширена, аугментирана реалност. Користејќи ги камерите на мобилните телефони и локацијата, корисниците со проширената реалност ќе можат да добијат слоеви на нови информации нафрлани на реалноста околу нив.

Layer е прелистувач преку која се поставуваат тие слоеви со дополнителни информации. Стартуван во 2009-та, Layer е водач на полето на проширената реалност. Светскиот економски форум го прогласи Layer за технолошки пионир на 2011-та.

Viadeo, Франција

Viadeo е бизнис мрежа, еден вид копија на LinkedIn, стартувана само неколку месеци по неа, во 2004-та година. Денес Viadeо има над 35 милиони корисници и во последните три години е профитабилна со 40 милиони долари годишен приход. Според Viadeo, која е мрежа на англиски, француски, германски, португалски, шпански и италијански јазик, следниот чекор напред е да се освои пазарот во Кина. Доколку им успее да го освојат азискиот пазар, тоа ќе им даде огромна база на бизнис корисниците и шанса да станат посериозни конкуренти на LinkedIn.

GetJar, Литванија

GetJar е продавница за мобилни апликации која успеа да се истакне меѓу купот други продавници поради едноствната идеја да биде продавница за сите мобилни уреди. Популарноста на GetJar, основана во 2004-та, доаѓа од самите развивачи на кои им се допаѓа нивните апликации да бидат дистрибуирани лесно до над 2.500 мобилни уреди.

GetJar има над 150.000 мобилни апликации и до сега има зaбележано 2 милијарди симнувања, што ја прави втора најголема продавница по Apple App Store.

Mind Candy, В. Британија

Основана во 2003-та година, компанијата за онлајн игри неодамна беше проценета со вредност од 200 милиони долари, пред се поради нивната игра Mоshi Monsters која е наменета за најмладите корисниците. Moshi Monsters ја играат над 50 милиони корисници и има потенцијал да прави милионски приходи од продажбата на виртуелни и физички играчки.

Soundcloud, Германија

Soundcloud е уште еден музички сервис, или подобро кажано, друштвена мрежа за музички ентузијасти. Налинк на MySpace каде непознати и познати артисти само објавуваат музика, Soundcloud им овозможува на корисниците да си закачат песна, но и да коментираат на делчиња од песната и да ја споделат на друштвени мрежи и на преку 100 мобилни апликации.

Бизнис моделот на Soundcloud сега за сега е премиум пристап со повеќе минути за закачување музика, но доколку продолжи да станува се попопуларен тогаш, зависно од бројот на корисници, ќе може и да се исплати.

Made, В. Британија

Маde моментално работи само во Британија и Ирска, но нивниот модел има потенцијал за да се прошири низ другите европски земји и ширум светот. Се работи за онлајн продавница која обезбедува дизајнерски парчиња мебел, но преку групно купување. Корисниците нарачуваат дизајнерски мебел, но за да добијат ефтина цена на тој мебел ќе мора да почекаат неколку недели да се соберат доволно нарачки, да се произведе мебелот и да се достави. Звучи како многу време, но самата разлика во цената го надокнадува времето кое што се чека.

Мade.com е основана во 2010-та и треба да помине доста предизвици за да стане светски бренд, но нивната идеја го има потенцијалот да претстави комплетно нов начин на како купуваме мебел.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии