Неколку Android апликации од предизвикот на Vip Србија

Подолу се неколку интересни Android апликации од предизвикот, а целата листа на апликациите ќе ја најдете на сајтот на Vip Србија. Повеќето апликации се наменети само за српските корисници, но важна е идејата и практичноста нели?

  • B92 е апликација е всушност мобилна верзија на сајтот на B92, исполнета со квалитетни менија, содржина, галерија… и можност за промена на фонтот и друштвено споделување.

  • Намената на TV Vodič е очигледна, следење на 7 дневната програма на српските телевизии. TV Vodič има опции за споделување на омилените емисии, пребарување на филмовите на IMDb.com, потсетник за омилената емисија…
  • GpsG е апликација за одредување локација и патишта низ Белград користејќи GPS технологија. Апликацијата предлага и исцртува 20 можни патеки до вашата дестинација. Работи и офлајн.
  • Parking SMS Srbija е апликација за плаќање паркинг преку SMS со GPS поддршка за одредување градови.
  • Vipovanje! e апликација со преку интеракција ви се прикажуваат места и случувања низ Белград.
  • Don’t Touch e безбедносна апликација која го заклучува телефонот и ако некој го помрдне телефонот започнува да прави бука. Налик на аларм.
  • Vip Prevodilac е апликација за преведување текст на српски од 50 странски јазици. Ја користи камерата на телефонот да ги скенира печатените документи, и го преведува во аудио. Преведува и .pdf документи.
  • ParkingBot е апликација која користејќи GPS ја прикажува паркинг зоната во која се наоѓате заедно со информации за паркинг цената.
  • Moj auto e апликација за водење евиденција за вашиот автомобил, за помината километража, дополнување горива и датуми за извршување на сервиси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии