Некој успеа да го купи доменот Google.com бидејќи Google заборави да го пререгистрира

Дејан Соколоски

во Веб

Само неколку минути Google не беше сопственик на својот домен – Google.com, но и ова беше доволно за Санмај Вед да стане херој на денот, барем на интернет. Да биде срамот поголем сопственик на Google.com е Google Domains, но од непознати причини доменот се појавил како достапен за продажба. Ова го искористил г. Вед и за само 12 долари го купил доменот. По трансакцијата започнаа да пристигаат и нотификациите од Google, a Google.com се појави во неговите webmaster алатки. За жал сопственоста кратко траеше, неколку минути, па од Google наскоро пристигна вест за поништување на продажбата.

„Притиснав на иконата додади која треба да е неактивна доколку доменот не е за продажба. Доменот беше додаден во мојата кошничка. Мислев дека ќе добијам порака за грешка, која ќе ме извести дека трансакцијата не е одобрена, но успеав да го комплетирам трансферот и парите беа исплатени од мојата картичка,“ вели г. Вед.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии