Некои додатоци за PS4 нема да работат со новата конзола на Sony

Со оглед на тоа дека новата генерација на конзола од Sony е сé поблиску, многу корисници на моменталниот PlayStation 4 се прашуваат кои од додатоците ќе можат да ги користат со новиот PlayStation 5.

Веројатно најчесто поставуваното прашање е околу DualShock 4 контролерот. Истиот е најчесто користениот додаток, ако воопшто може да се нарече така бидејќи доаѓа со самата конзола. Како што велат од Sony, DualShock 4, како и другите контролери од оваа генерација кои се сертифицирани, ќе можат да се поврзат со новата конзола. Но, функционалноста ќе им биде ограничена со тоа што ќе работат само со игри кои се компатибилни и со PlayStation 4.

Ова е потег од Sony со кој се надеваат да ги мотивираат корисниците да го купат новиот DualSense контролер. Како што велат и самите, игрите кои се правени за PlayStation 5 треба да можат да ги искористат сите нови можности и функционалности, како на конзолата, така и на новиот контролер.

Покрај ова, се поставува и прашање околу останатите додатоци како волани, џојстици за аркадни игри, како и џојстици за летање. Истите ќе работат на PS5, како и со поддржаните PS4 игри. Тука се и аудио додатоците како Gold и Platinum слушалките на Sony, како и сите други сертифицирани слушалки кои користат USB или 3.5mm конекција, кои исто така ќе работат на новата конзола. Доколку уживате во игри кои користат VR, ќе добиете поддршка за PS Move Motion контролерите, како и за PS VR Aim контролерот.

За крај, уште еден уред кој ќе работи со PS5 е и PlayStation Camera. Но, за истата ќе ви треба адаптер, кој ќе биде достапен бесплатно за корисниците на PS VR. Засега сеуште е непознато како истиот ќе стигне до корисниците.

Она што е интересно е дека кратко после изјавата од Sony, од спротивниот камп, Xbox најавија дека сите контролери кои се компатибилни со Xbox One, од официјалниот, до поддржаните како Xbox Elite контролерот и SCUF контролерите, ќе бидат компатибилни со сите игри на новата конзола.  

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии