„Нека ве понесе ентузијазмот“ – Global Game Jam Македонија 2020

Оваа недела од 31 јануари до 2 февруари ќе со одржи Global Game Jam Македонија 2020. Станува збор за настан на кој веќе не му е потребно специјално претставување. Во рок од 48-часа гејмери, дизајнери, артисти, музичари развиваат видеоигри или друштвени игри. Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри, се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет.

Досега се креирани 180 видеоигри и со оваа бројка Македонија котира во врвот на листата по бројот на игри создадени за време на настанот по глава на жител. Најголем дел од игрите се прототип, на најголемите ентузијасти продолжуваат да ги развиваат своите игри и по настанот. Организаторите се надеваат дека оваа година сакаме ќе имаат уште повеќе видеоигри. #GGJM20 ќе се одржи на три локации: Скопје, Битола и Охрид. Во Скопје настанот ќе се одржи просториите на ФИНКИ, во Битола се одржува во ФИКТ, а во Охрид во просториите на Универзитетот Св. Апостол Павле.

„Global Game Jam Македонија 2020 очекува преку 300 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап, оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе на отворањето, затварањето и во текот на целиот настан“, велат од Македонска Асоцијација за развивање игри – МАГДА.

Што се однесува до оние кои може да учествуваат… Стандардно настанот е отворен за секој. Учесниците се професионалци и студенти од ИТ индустријата, ентузијасти и креативци.

На #ggjm20 ќе сретнете:

  • Девелопери, 2Д и 3Д артисти, графички дизајнери, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, DATA scientest, експерти за монетизација и социјални медиуми,…
  • Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата
  • Просечната возраст на учесниците е 25 години
  • Барем 50% од учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
  • Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија

Сепак она што е заедничко за сите, е огромниот ентузијазам на сите настани досега. Публиката е во пораст секоја година, но сè уште е далеку од посетеноста која и учесниците и организаторите ja заслужуваат.

Повеќе информации за настанот може да добиете ако го посетите Facebook страниците за:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии