„Нека почне хакирањето“: пробиена фан страната на Марк Закерберг

„Нека почне хакирањето. Ако на Facebook му требаат пари, наместо да одат на Facebook, нека им дозволи на своите корисници да инвестираат во Facebook на социјален начин? Зошто не „социјален бизнис“ како што го опиша тоа победникот на Нобеловата награда Мухамед Јамус [линк]. Што мислите вие? #hackercup2011“

Пораката беше бргу тргната, но не пред да им се допадне на 1.800 луѓе и да бидат оставени стотици коментари.

Од Facebook нема официјален коментар за пропустот, но пораката е доволна јасна – ако основачот на Facebook не може да си го заштити профилот и страната, тогаш што станува со обичните корисници кои не се толку запознаени со мрежата? Секако, не мора грешката да ја бараме кај Facebook, може и во немарноста на Марк Закерберг да си го заштити профилот, можеби го користил компјутерот на јавно место и користел незаштитена безжична мрежа. Земајќи в обзир дека е позната личност која е во битка со приватноста, Закерберг e привлечна мета.

Последниот хаштаг се однесува на Hacker Cup, годишно натпреварување на Facebook за програмери .

(слики via TechCrunch)

3 коментари на “„Нека почне хакирањето“: пробиена фан страната на Марк Закерберг

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии