Нека Bitwarden ги памети сите ваши лозинки

Што подолга, поуникатна и покомплицирани лозинка – тоа подобро. Гениите можеби немаат никаков проблем во нивното паметење, но обичните смртници користат софтверски алатки како LastPass. LastPass ги памети лозинките за да вие не морате. Ист е случајот и со Bitwarden, алатката која е подеднакво добра како LastPass, а не ви бара пари за тоа.

Како open-source, Bitwarden е стабилен управител со лозинки не само за Windows, туку и за macOS и Linux. Надвор од десктоп платформите, Bitwarden се одликува и со соодветни мобилни верзии за Android и iOS околината. Алатката беспрекорно функционира низ сите ваши направи. Со оглед на тоа што е open-source, сите можни багови и дупки се исклучително брзо забележуваат и исправуваат.

Во случај да ви се допадне корисноста на Bitwarden можете да ја поддржите услугата со платежната верзија. За 10 долари годишно, добивате 1GB шифриран простор за складирање фајлови како и двонасочна автентикација со YubiKey, FIDO U2F и Duo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии