Неидентификувана хакерска група сака да го урне интернетот

Дејан Соколоски

во Останато

Софистицирана и неидентификувана група хакери, се обидува да пронајде начин буквално да го исклучи интернетот, пренесува BBC.

„Последниве година, две, некој се обидува да ја пробие заштитата на компании кои се критични за инфраструктурата на Интернет. Ова личи на прецизни напади, направени за откривање на колку добро овие компании можат да се бранат, и што е потребно да ги срушат. Не знаеме кој е, но изгледа дека е спонзориран напад од држава. Ако морам да погодувам, Русија или Кина.“, вели добро познатиот безбедносен експерт Брус Шнаер.

Безбедносни експерти велат дека DDoS напади се секојдневие, и компаниите се постојано цел на напади. Дел од хакерите ги користат овие напади како можност за заработка, барајќи можност да изнудат пари од компаниите. Она што е позагрижувачки е што нападите се со поголем проток од претходно. Иако технологијата за одбрана од овие напади е напредната, сè уште е клучен протокот, страната со поголем проток вообичаено е победник.

Кај компаниите кои се дел од критичната интернет инфраструктура, нападите се посилни и подолготрајни. DDoS нападите се и почести и покомплексни од претходно, а напаѓачите како да бараат точката на која ќе падне сервисот, констатира г. Шнаер.

1 коментар на “Неидентификувана хакерска група сака да го урне интернетот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии