Негувајте ги вашите столарски аспирации со Woodwork Simulator

Дали отсекогаш сте сакале да ги засукате ракавите и сами да си направите маса, столче или некој поамбициозен проект? Звучи страшно, особено кога ќе ја земете во предвид цената на материјалите и вештините со кои треба да располагате.

Woodwork Simulator се чини како интересно решение за негување на таквите аспирации, но надвор од реалниот простор. Во оваа интерактивна игра, ќе можете да користите најразлични алатки за да си направите најразлични предмети. Работејќи како столар неколку години, авторот на овој текст не можеше, а да не биде импресиониран од бројните процеси кои мајсторски се изведени во Woodwork Simulator, и покрај тоа што демото е сеуште во рана фаза на развивање.

Зграпчете парче дрво и направете ремек дело така што ќе го сечете, бушите, лепите, шрафите, лакирате, или фарбате. Бројот на рачните алати моментно е ограничен, но, и покрај тоа, крајниот производ може да биде ограничен само од вашата имагинација. Имплементираните механики се едноставни за употреба и ја прават севкупната интеракција крајно забавна, дури и за оние кои никогаш не размислувале на ваков начин да го пополнуваат слободното време.

Woodwork Simulator демото ви дозволува да ги проверите неговите потенцијали на четири различни начини. Првата опција ви дозволува да правите сè што сакате, онака како што сакате, а останатите три ви фрлаат најразлични предизвици и ќе мора да правите мебел според претходно осмислен дизајн.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии