Негувајте ги вашите DJ аспирации со Citizen DJ

Сметате дека вашиот музички талент не доаѓа до целосно и правилно изразување? Citizen DJ е проект кој би можел да ви помогне во отстранување на таквите обструкции.

Citizen DJ е open-source hip-hop project создаден од Брајан Фу, човекот кој вешто плива и во уметнички и во научни води. По посетување на сајтот, избирате три различни звуци од колекција од над милион снимки. Овие снимки се без авторски права и се извлекуваат од архивите на Library of Congress. Можете да манипулирате со звуците директно од вашиот прелистувач, да ја прилагодувате нивната гласност и должина, како и да одбирате дополнителни шеми за обогатување на звукот.

Вака креираниот продукт се процесира исклучително брзо, а финалниот продукт слободно може да се преземе во MP3 форматот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии