Need for Speed World ќе е онлајн и бесплатна, но…

World ќе е слична како и сите NFS игри, но бидејќи играта е онлајн, сега тркањето може да стане доста компетитивно меѓу другите играчи. Секако дека ќе има и тимска игра, a ќе има и мод за експлорација на градовите ширум светот.

Играчите ќе можат да го симнат клиентот и бесплатно да ги испробаат стазити и автомобилите и онлајн аспектот на играта до 10 левел. За да се стигне до 50тиот левел и од останата содржина ќе мора да купат виртуелни пари со реална вредност од 20 долари.

„ За откривање на содржината врзана со нивоата, играчите ќе треба да го купат стартниот пакет. Ова е еквивалент на кредити во Boost (виртуелна валута). Од тука, сите левели во играта и отклучувањата се достапни заедно со енџин за микро-трансакции за додатна содржина која може да се купи за да го забрза процесот на отклучувањето преку плаќање.“ вели Џес Абни, технички менаџер во ЕА.

Oва е супер бизнис модел на EA бидејќи има две предности. Првата предност е што ќе дозволи на луѓето да ја пробаат играта и секој кој е заинтересиран ќе може да си плати да продолжи. А кого не го интересира Need for Speed и адреналинското тркање? Втората предност е што нема да има пиратерија.

6 коментари на “Need for Speed World ќе е онлајн и бесплатна, но…

  1. Лично да, како што кажува претходниот пост веќе ја нарачав :)
    Само уште да не направија збрка со БЕТА кодовите ќе ја играв до сеа :/

  2. btw Би ли платиле за World? Можеби е иста како MostWanted, не сум ја играл, но сум играл онлајн игри и играњето со други играчи е ftw! :) Можеби и ова ќе биде добро, велат има тимска игра.

  3. Ova ti so magiite ti e kradena od edna igra koja se vika mid night club i toa 3 na trojkata go imase pred 8 godini mozda nesum siguren ama deka sum tezok gejmer mozam da vi potvrdam deka e kreadenooo toa

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии