Недостатокот на PS5 конзоли е проблем кој би можел да се развлече и во 2022 година

PS5 беше лансиран во ноември 2020 година, но само исклучително мал број гејмери успеаја да ја зграпчат конзолата на Sony. Како најголем проблем се издвојува недостаток на одредени компоненти, попрецизно недостаток на полупроводници кои се критични за производството на конзолите. Иста болка ги мачи и од Microsoft. Нивни претставници изјавија дека Xbox Series X/S тешко ќе се наоѓаат сè до крајот на оваа лето.

Од Sony не се оптимисти како од Microsoft.

На состанокот кој следеше по јавното откривање на финансискиот извештај од Sony, претставник од компанијата призна дека проблемот со недостатокот на одредени критични компоненти лесно би можел да се развлече до крајот на оваа година, а уште полесно да премине во 2022. Во меѓувреме, се шепоти дека Sony работи на хардверски редизајн со кој би можеле да се олесни целокупното производство на конзоли.

PS5 supply shortage: Disruptions affect gamers and developers alike -  TechRepublic

Инаку, до сега се продадени скоро 8 милиони PS5 конзоли (7.8 попрецизно). Официјалниот Sony застапник за Македонија – Пан Европа понуди одредена бројка конзоли за преднарачка пред официјалното лансирање минатата година, но од тогаш па до сега немаме слушнато дали и кога би можеле да се очекува нова пратка. Тоа никако не ги спречува одредени продавници и индивидуалци од Македонија да продаваат PS5 по значително повисока цена. Имено, препорачаната цена е 500 евра, но огласите на кои ние наидуваме често ја нудат конзолата за цена од 1000 евра, па и повеќе!

1 коментар на “Недостатокот на PS5 конзоли е проблем кој би можел да се развлече и во 2022 година

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии