Неделникот Фокус со акција за помош на Марко Чаласан

Најверојатно веќе сте прочитале за личната, семејна трагедија на младиот гениј Марко Чаласан. На Марко сега му е потребна нашата помош. Неделникот Фокус започна акција со која ќе се обиде да му помогне. IT.mk се приклучува на апелот за помош.

Марко, за жал, ја загуби својата мајка, и сега е сам во Скопје. Живее во стан за кој плаќале кирија. Освен за ова средства се потребни и за натпреварите на кои Марко со години учествува и се дел од неговиот живот. Благодарените на помошта и хуманоста на дел од нашите сограѓани, потребите на Марко во дел се покриени. Г-дин Фијат Цановски најави дека ќе му отстапи соба на интернатот на ФОН.

Моментално, Марко е во Неготино, кај родителите на неговата мајка, но мора да се врати назад во Скопје, поради обврските во училиштето. Баба му ќе дојде со него во Скопје и ќе остане извесен период, затоа што се уште е рано да го остави сам.

„Сам сум во Скопје, се договоривме со баба ми и со дедо ми да доаѓаат често, но сепак тие не можат да бидат постојано со мене, и не се во можност финансиски да ми помогнат. Немам никаква помош ниту од мојот татко. Се надевам дека државата ќе ми излезе во пресрет. Деновиве ќе отворам сметка во банка, која што ќе биде доставена до редакцијата на Фокус и ќе им бидам благодарен на сите кои што сакаат да ми помогнат.“ вели Марко за Фокус.

Иако се надеваме дека државата во името на сите луѓе ќе пронајде начин да му помогне на младиот Чаласан во овој тежок период; сепак добронамерната помош од граѓаните може и да е вистински показател за тоа колку ние како граѓани, но и како држава ги цениме нашите сограѓани.

Марко Чаласан го прогласивме за ИТ личност на годината во првите ИТ награди кои ги оддржавме во 2010 година, но неговите бројни успеси вклучуваат и прогласување на Марко за најмладиот Microsoft систем администратор, еден од најпаметните тинејџери во светот, соработка со Google и други… Во следново видео Марко говори за како станал фасциниран за технологијата.

Фокус наскоро треба да ја објави жиро сметката на Марко, а за подетални информации за како да помогнете, контактирајте слободно со редакцијата на Фокус кои ќе ве поврзат со Марко.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии