Не знате кога пристига автобусот? Нема проблем…

http://it.com.mk/images/stories/vesti8/jsplinii2.jpg„Вчера дремев на автобуска чекајќи 57-ца да дојде, и се нервирам. Дали ќе стигнам на време со следната, или да фатам такси. Мислејќи дека немам време, фаќам такси, се вртам за да ја видам 57-та како застанува позади таксито . Тогаш ја добив идеата, зошто да не се направи посебна, мобилна верзија на ЈСП страната која што, ако не запамтам од дома кога има автобус, ќе можам од мобилен да видам.“ пишува Горјан на форумот.

ЈСП го имаат распоредот на својот сајт, но проблемот е што тој сајт е полн со flash елементи и при вчитување може да одземе време и пари бидејќи мобилен интеренет се уште е скапа варијанта за македонските корисници. Но од друга страна, мобилниот интернет станува се повообичено нешто. Тогаш зошто да не се прилагодат сервиси за тој нов и неизбежен тренд, нели?

Затоа http://www.gorjan.info/jsp и http://www.gorjan.info/taxi страните се прилагодени за мобилен интернет, односно се едноставни и не влечат многу интернет сообраќај што е добро „за оние кои не сакаат да даваат многу пари на нашиов скап интернет.“

Иако се работи за скопски автобуси исти сајтови можат да се направи и за другите градови.

„Доколку вие што не сте од Скопје, сакате да го видите сервисот и кај вас, слободно оставете листа на такси броеви од вашиот град, и ќе направам посебна страна за други македонски градови. Во план е да се додадат и броеви од оние такси компании кои само треба да им испратите пилотка (сигнал), и ќе ви се јават они, за да штедите на кредит.“ вели Горјан.

Идејата на мобилната верзија може да се искористи и со GPRS од мобилните и веднаш да добиете кратка информација кога ќе пристигне автобусот. ЈСП има одлична мапа за каде се движат автобусите, па на лесен и едноставен начин може да се направи одличен сервис за да знаете кога пристигнува автобусот со бесплатен wifi интернет. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии