Не заборавајте, овој викенд се одржува најголемиот гејминг фестивал во Скопје досега

Она што не смее да го заборавите овој викенд е дека се одржува VIP Game Fest. Со оглед на тоа дека големи (а, и мали) гејминг фестивали кај нас малку се одржуваат ова е настан кој љубителите на видеоигрите, друштвените игри, брзите местачи на коцки не смеаат да го пропуштат. Посетата за сите е бесплатна.

Што се однесува до игри ќе се одржат турнири во Fortnite, Hearthstone, FIFA 19, Tekken 7. Но, ќе го добиеме и најбрзиот возач во rFactor; најдобриот во Magic the Gathering; како и најбрзите во натпреварот за местење на рубикова коцка.

Иако има тон забавна содржина веројатно првиот Cosplay е настанот што го очекуваме со најмногу нетрпение.

Организатори на настанот се Гораст Цветковски, актер и основач на GG.MK и Самоил Петрески, основач на Гоблин и дел од Чиста Околина. За среќа, во цела гужва во организирањето имаа малку време да ни одговорат на неколку прашања.

„Пред една година ме повикаа од VIP во врска со правење на голем фестивал. Таму ми кажаа дека третата странка е Самоил и дека треба да се споиме. Нормално уште одма идејата беше прифатена… и после тоа помина доста време додека да се седне и да се пушти рака. И така од пред некој месец падна договорот за ова. Прилично долго време квачено, а продукциски многу краток период“, вели Гораст Цветковски.

Самоил мислам дека го планираш овој настан од пред неколку години, кое е чувството сега кога го реализираш проектот?

Па, искрено не се чувствувам дека го имам реализирано проектот. Овој фест е мала верзија на она што би сакал да го направиме. Целта ни е не само вистински фестивал, туку вистински фестивал кој ќе се одржува секоја година.

Има баш сѐ за секој гејмер од друштвени игри и рубикова коцка, до видеоигри и косплеј. Ова беше план од почеток или почнаа да се пријавуваат луѓе со идеи после најавата?

Како што беше одговорот и на другото прашање, а и на Гораст :) . Планот беше и сѐ уште е да организираме уште поголем настан, со многу повеќе игри. Но, во таа временска рамка која ја имавме, а и простор кој е многу „пофенси“ од хала за гејминг, пробавме да ставиме колку е можно повеќе содржини.

Кога би ги набројувал сега по ред тоа би било нешто како: Фортнајт, Харстоун, FIFA 19, Текен, косплеј, rFactor, Меџик, редење пазли, Ворхамер, Југио, Кифорџ и уште нешто што сигурно заборавам. Ете Рубикова :).

Има ли нешто што сакавте да органзирате ама не успеавте?

Гораст: Сака(в)ме да е уште поголемо, погранде. И надежта е дека ќе биде таков следниот. Со повеќе игри, учесници, големи интернационални турнири во уште бар 4-5 игри. Гости од гејминг светот и нормално да трае повеќе. Изложбени пултови, продажни пултови… сè како што сме гледале по интернет и по комшии.


Значи уште еднаш! Настанот се одржува на 22 и 23 декември во управната зграда на VIP. Повеќе податоци на веб-страницата за настанот и секако Facebook страницата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии