Не, власта не ве цензурира; Тwitter имаше проблеми со профилите

Ако си критичар на власта во Македонија тогаш најверојатно си параноичен дека власта се обидува на некој начин да те замолкне. Стравот е донекаде оправдан бидејќи видовме што се случи со медиумите што критикуваат, гледаме какви лични напади има врз јавните личности што критикуваат, и знаеме дека властите ги прислушуваат своите политички противници и сопартици, бидејќи и властите се малку параноични дека некој сака да им ја земе моќта. Знаејќи го сево ова, нема ништо чудно да си помислите дека сакаат да го контролираат и Twitter, каде добар дел од македонските твитерџии ја критикуваат власта, судејќи од честите твитови за #Ж.

Но, овојпат власта не е крива што десетина профили беа блокирани. Некои македонски корисници, некои кои се гласни критичари на власта, сабајлево не можеа да пристапат до своите Twitter профили. Пораката беше дека се блокирани бидејќи покажувале „автоматско однесување што е против правилата на Twitter“. За да се отклучи профилот требаше да се потврди преку телефонски број или имејл.

Уплашени дека во Македонија се случува тоа што се случи во еден куп земји каде властите ги цензурираат друштвените мрежи за да го замолкнат народот, македонските твитерџии веднаш кренаа галама (што е иронично ако некој сака да ве замолчи) со твитови за #Ж. Но, тоа не се случи. Ниту се има случено. Twitter објави свој извештај за транспарентност во кој покажа кои земји барале забрана на профили или отстранување на содржина. Македонија не е меѓу нив.

Тоа што се случи е што Twitter претстави нов филтер за модерирање на профилите кој блокираше профили насекаде во светот. Неодамна директорот на друштвената мрежа, Дик Костоло, призна дека се мачат со тролањето и навредите на мрежата, и дека работата на филтри кои ќе помогнат со блокирање на троловите. Претпоставката е дека е воведен таков филтер кој едноставно направил хаос и блокирал рандом профили следејќи некои параметри, пример често твитање. Тwitter потврди дека сега се е во ред, и дека десетиците илјади македонски твитерџии нема од што да се плашат. Засега.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии