Едвај поминаа десетина денови по масакрот во Осло, а веќе се појавија личности кои сакаат како виновници за настанот да ги посочат видео игрите. Имено се појавија здруженија кои сакаат да го поврзат трагичниот настан во кој загинаа најмалку 93 луѓе со видео игрите Modern Warfare 2 и World of Warcraft.  

Причината за оцрнување на игрите лежи кај убиецот Андрес Бехринг Брејвик кој во манифестот долг 1.500 страни ја опиша Modern Warfare како „дел од својата тренинг симулација “, а World of Warcraft ја препорачува за алиби „користење на социјалните табуа е ектремно ефективен метод за да ги спречите луѓето кој ве познаваат да се распрашуваат премногу“ .

Поради сето ова австралиското христијанско лоби повикува на забрана на насилни видео игри или според еден од лидерите на ова лоби, Џим Валас – „Било која игра која може да поттурне некој лудак преку работ треба да биде забранета“. Изјавите доаѓаат во време кога Австралија конечно дојде до договор за „игри за возрасна публика“ R18+ договор кој е изработуван повеќе од 10 години.

Ова не е прв пат ваков трагичен настан да биде злоупотребен од претставници на разни религиозни организации за да ги критикуваат видео игрите. Масакрот во Columbine беше припишан на Doom, пукањето во Virginia Tech на Counter Strike, маскарот во училиштето во Red Lake исто беше припишан на видео игрите, односно на Grand Theft Auto III. Покасно се покажа дека за масакрот во Littleton Colorado поголем проблем е што убиците биле десоцијализирани и маргинализирани средношколци кои не можеле да го издржат притисокот, а институциите не се справиле со тоа. За масакрот во Virginia Tech и покрај тоа што повеќе страни побрзаа да го посочат виновникот во видео игрите најголем дел од познанинците и цимерите на Сеунг-Хју Чо негираа дека некогаш го виделе како игра видео игри. А лекот Prosac беше една од причините за масакрот во во средното училиште во индијанскиот резерват во Red Lake.

По сите инциденти советот кој го добиваат родителите е: Не се плашете да интервенирата. Ако вашето дете покажува насилни или опасни ставови решете го проблемот! Ако е потребно побарајте помош од специјалисти, психијатри или психолози!

Никој не објави дека тоа што норвешкиот убиец Андрес Брејвик е ловџија можеби му помогнало да биде индиферентен кон повиците и лелекот на луѓето кој ги убивал. Наместо тоа побрзаа да ја обвинат Modern Warfare 2. И покрај тоа што мене ми изгледа дека многу подобар „тренинг“ за бездушност добивал на лов а не пред компјутер. Покрај ова повторниот пораст на национализам и нео-нацизам е поголем проблем од порастот на насилни видео игри.

Никој не сака да го коментира фактот дека никот кој го користел е Sigurd или крстоносец, како и делот во кој ги објаснува своите напори за „спас“ на Европа од исламизација. Истовремено ми изгледа непримерно кога приврзаници на западните цркви или нивни представници бараат виновници за ваков вид убиства односно масакри со оглед на крстоносните војни или ловот на вештерки. Навистина не можам да ги разберам луѓето кои се будат изутрина, го палат компјутерот и ги бараат трагедиите од кои можат да профитираат. За крај ве оставам со еден цитат од Бенџамин Френклин:

Општеството кое сака да се откаже од малку слобода за да добие малку безбедност не ги заслужува ниедното и ги губи двете.

2 коментари на “Не! Видео игрите не се виновни за масакрот во Осло

  1. Zivi gluposti se toa be brat da gi slusas tvojte doma da ti serat nemoj da igras igri ke stanes kako nego nema vrska toa igrite ne predizvikuvaat takvi raboti osven ako si spiholoska budala.

  2. Слушам и Хитлер многу играл Call Of Duty. Особено многу си ја сакал двојката, а овие поновите ги нејкел дека играл со црнци во тимот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии