Не ви треба диплома да работите во Google, но треба да имате други вештини

Сакате работа во Google? Компанијата неодамна му откри на New York Times кои се карактеристиките кои најмногу ги ценат кај новите кандидати за своите тимови. Доколку мислевте дека универзитетска диплома или коефициентот на интелегенција е клучен за работа во Google, одговорот на Ласло Бок, кој е еден од задолжените за нови вработувања, можеби ќе ве изненади.

„Има пет квалитети кои ги бараме од вработените, доколку е техничка работа тогаш ја оценуваме способноста за програмирање, речиси половина од работите се технички. За секое работно место клучен квалитет е когнитивната способност, а тоа не е интелегенција. Тоа е способност да размислувате додека работите се случуваат, можност да се извлечат различни делови од информации… “

Вториот квалитет кои треба да го поседуваат кандидатите е лидерството, и тоа лидерството кое произлегува, а не традиционалното лидерство. „Тоа што нас не интересира е дали кога ќе се соочите со проблем како дел од тим, ќе истапите напред во потребното време, и ќе водите. Уште поважно дали ќе се повлечете и ќе му дозволите на некој друг да биде лидер. Тоа што е клучно да се биде лидер во оваа околина е вољата да се отстапи моќта“.

Интерсно една од карактеристиките кои Google не ги бара од своите кандидати е експертизата. Наместо ова кадидатите со конгнитивна способност кои се љубопитни и желни за нови знаења и лидерски способности се далеку подобри кандидати „Најголем дел од неекспертите ќе дојдат до истиот одговор со експертите, бидајќи најчесто не е премногу тешко. Понекогаш нема да успеат, но исто така понекогаш ќе излезат со одговор кој е целосно нов, а тоа има огромна вредност“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии