Надополнето
Од пред неколку минути сервисите на Google се повторно достапни…
Ништо не покажува колку сме зависни од некоја платформа како прекин на услугата. Најголем дел од сервисите на Google се недостапни во повеќе држави.
Gmail, YouTube, Google Docs и пребарувачот се недостапни во повеќе држави и на повеќе континенти. Вести за прекин доаѓаат од Северна Америка, Јужна Америка, Европа.
Покрај стандардните сервиси прекин има и на Google Maps, Adwords, Adsense, но и на Google Pay. Дел од корисниците на Nest паметните уреди јавуваат дека и оваа мрежа е зафатена. Засега нема објаснување кои се причините за прекинот.
Ако сакате да погледате некое видео на YouTube може да се обидете тоа да го направите во инкогнито прозорец, иако се чини дека за дел од корисниците ниту ова не работи.