Не само Русија, и Франција се меша во изборите во Африка

Вообичаено кога се во прашање онлајн влијанија во изборни процеси први осомничени се руските напаѓачи. Овој пат Facebook откри дека во африканската политика се мешаат и Русија, но и Франција, пренесе Washington Post.

Најголемата друштвена мрежа, објави дека профили на луѓе кои се поврзани со Армијата на Франција се дел од операциите во Африка. Facebook додаде дека не може да потврди дека корисникот дејствувал како припадник на Армијата на Франција. Ова е првпат Facebook да јави за западно влијание преку друштвените мрежи.

Француската мрежа имала 84 Facebook профили, 14 Instagram профили и неколку страници и групи. Профилите се претставувале како Африканци кои поддржуваат воена акција на Франција во Централна и Западна Африка. Досега нема официјална реакција на Франција.

„Друштво“ на француската кампања во Африка им правеле и „руските експерти“. Заедно двете групи имаат над 274 лажни Facebook профили со кои ширеле дезинформации во Африка. Двете држави се „натпреварувале“ за гласачите во Централна Африканска Република и Мали.

Групите буквално се натпреварувале онлајн. Од јануари 2020 додека Facebook не ги отстрани, објавувале постови во исти Facebook-групи, си коментирале на постовите, и меѓусебно се обвинувале за лажни вести. Профилите на двете страни станувале и Facebook пријатели, и ги споделувале постовите на другата група, пренесе Graphika.

Покрај споменатите држави кои биле главен фокус, двете групи, во помала мерка се обидувале да влијаат во повеќе други држави. Француската група покрај Мали и ЦАР имала акции и во Нигер, Буркина Фасо, Брегот на слоновата коска и Чад. Русија е фокусирана на ЦАР и Јужна Африка, а во помала мерка и на Гана и Нигерија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии