„Не постои онлајн приватност, сè е јавно“, вели директорот на Cyberghost

Поголемата достапност до технологијата; потребата од малку финансии, постоењето на објавени пропусти; се причини поради кои расте бројот на онлајн напади, вели Роберт Кнап, директор на Cyberghost, за NextWeb.

Инвестициите во онлајн безбедноста се поголеми од било кога досега, но расте и бројот на напади. Причината за ова е што огромен дел од овие напади се базираат на пропусти направени во минатото кои денес се наталожени.

Напади врз инфраструктура; пробивање на големи сервиси како Yahoo; напад на Британскиот парламент; објавување на филмови и серии по нападите на партнерите на Netflix; WannaCry и Petya; рекордни ботмрежи од небезбедни IoT уреди, хакерски напади на серверите на Демократската партија; се само дел од нападите кои се случија неодамна.

Дел од овие напади како крадењето на филмовите од Netflix, WannaCry и Petya, не се дело на хакери. Објавените пропусти им овозможија на напаѓачите едноставен пристап до овие податоци.

„Може да криптирате сè. Како што WhatsApp има вградено криптирање. Проблемот е што не знаете дали Facebook има вградена задна врата. Има докази дека агенции како NSA на пример, имаат доволно средства на располагање да пронајдат пропусти и во нивен интерес е да им ги јават на девелоперите. Кога ова ќе се случи не може да направите ништо“, вели г. Кнап.

Г. Кнап за овие напади ги обвинува владите на САД и Германија и нивните агенции. Тие наместо да ги пријавуваат овие пропусти, тие ги злоупотребуваат. Германија донесе закон кој овозможува да се заобиколи криптирањето.

„Онлајн постоењето е наш дигитален продолжеток. Креираме профил на она што сме. Правото на приватност е клучно за секоја слободна демократија. Сега сите наши податоци, нашите медицински податоци, можеби психијатриската историја, сè за нас може да биде објавено јавно во секој момент“.

Единствен начин за одење напред е преку регулирање.

„Не можеме да ги запреме ransomware нападите ако нема закон кој ќе гарантира криптирање на сè. Хакерите можат да злоупотребуваат задни врати, но не смеат да постојат закони кои им овозможуваат на владите да го користат. Додека овие закони не се донесат, сметајте дека сè што правите онлајн е јавно, до промената, не постои приватност. Можеби со квантните мрежи, но засега не постои начин кој ви гарантира приватност“.

1 коментар на “„Не постои онлајн приватност, сè е јавно“, вели директорот на Cyberghost

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии