Не очекува „дигитален среден век“, предупреди таткото на Интернетот

Сите слики и документи кои ги чуваме во дигитална форма на крајот ќе бидат загубени, вели Винт Церф, еден од креаторите на Интернетот. Тој на конференција во Сан Хозе предупреди дека со напредокот на технологијата постои реална опасност 21-век да биде нов дигитален среден век.

„Старите формати на документи или презентации кои го креиравме можеби нема да можат да бидат прочитани со новите верзии на софтверот бидејќи поддршката за постари верзии не е гарантирана. Тоа што може да се случи во иднина е да имаме огромни архиви на овие содржини, но всушност да не знаеме што е тоа“, вели г.Церф, а пренесува BBC.

Во прилог на оваа изјава најверојатно се видеокасетите, аудиокасетите, флопи-дискетите и куп слични „носачи на податоци“ за кои порано сметавме дека се незаменливи, а сега се едноставно електронско ѓубре. Причината се разбира е развојот на технологијата со која еден уред се заменува со друг кој не е компатибилен со претходниот, па медиумите за чување податоци стануваат бескорисни. Поради ова г.Церф се залага за своевиден дигитален музеј, каде ќе бидат зачувани целокупниот хардвер и софтвер, за никојпат да не станат застарени, а со тоа сите информации, да им бидат достапни и на идните генерации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии