Не можеме да ги победиме троловите, призна директорот на Twitter

Twitter не знае како да се справи со тролањето и навредливите пораки, призна директорот на Twitter, Дик Костоло. Тој ја прифати одговорноста велејќи дека е засрамен што компанијата не успева да ги заштити корисниците од троловите, и што не може да ги спречи навредите.

„Не можеме да се справиме со троловите и навредите, и ова веќе трае со години. Ова не е тајна, светот веќе зборува за ова секој ден. Губиме добар број на корисници бидејќи не може да го решиме овој едноставен проблем со троловите што се појавува секој ден“, пишува г. Костоло во порака испратена до вработените, споделена од Verge.

Нема изговори за ова, ниту треба да се избега од одоговорноста, продолжува г. Костоло во пораката, но исто така вети дека „ќе ги ишутираме овие луѓе лево и десно и ќе се осигураме нападите на троловите никој да не ги чуе“.

Но, освен ветувањето на г. Костоло сепак се уште нема решение како да се спречат троловите кои на Twitter секојдневни напаѓаат кого ќе стигнат – од обични корисници до популарните ѕвезди. Во писмото е најавено дека тимот кој ќе работи на проблемот ќе ги добие сите ресурси за да се справи со троловите, иако тоа ќе мора првин да го видиме за да поверуваме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии